Линкови за пристапност

Бујар Османи на состанок на министрите за надворешни работи на земјите – членки на НАТО


Состанок на министрите за надворешни работи на земјите – членки на НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Безмалку, на првата годишнина од зачленувањето во НАТО, македонски министер за надворешни работи за првпат седна на масата на која заседаваат и останатите шефови на дипломатии на 29 држави-членки на најмоќниот воено-политички сојуз во историјата. Пандемијата ги одложи состаноците со физичко присуство на врвот на Алијансата. По, едногодишна пауза министрите се собраа во седиштето на НАТО во Брисел. Според Бујар Османи, станува збор за историски момент за Северна Македонија.

Ова е историски момент и за мене и за мојата земја
Бујар Османи, министер за надворешни работи

„Ова е историски момент и за мене и за мојата земја. За прв пат министер за надворешни работи, физички е присутен, на маса на министерскиот состанок на Северноатлантскиот совет, претставувајќи ја Северна Македонија како полноправна членка. За неколку дена ќе ја прославиме првата годишнина – во март мината година станавме членка. Членството во НАТО претставува остварување на нашата стратешка цел, а истовремено, со зачленувањето, Алијансата ја подобри стабилноста на Западен Балкан. Сега сме дел од трансатлантското семејство, подготвени сме за предизвикот, стоиме рамо до рамо со нашите сојузници во одржувањето на нашите вредности и посветени сме на заштита на нашата заедничка безбедност ширејќи ги НАТО-вредностите во регионот“ изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Генералниот секретар на НАТО, на отворањето на состанокот посака добредојде за „оние што се предружија“.

Посебно добредојде за оние кои првпат ни се придружуваат
Јенс Столтенберг, генерален секрар на НАТО

Драги пријатели, добредојдовте на овој министерски состанок на НАТО и посебно добредојде за оние кои првпат ни се придружуваат“ рече генералниот секрар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во НАТО седиштето, за првпат како државен секретар, денеска дојде и Ентони Блинкен. Пораката која ја донесе е дека оваа американска администрација, без каква било дилема, останува посветена на Алијнасата и на нејзините вредности.

Дојдов овде за да ја изразам силната и непоколеблива посветенст на САД кон Алијансата
Ентони Блинкен, државен секретар на САД

„Дојдов овде за да ја изразам силната и непоколеблива посветенст на САД кон Алијансата која беше еден од темелите на мир, стабилност и просперитет за трансатлантската заедница повеќе од 70 години. Доаѓам во Брисел зашто САД сакаат да ги резиградат партнерствата пред се со нашите НАТО-сојузници, сакаме да ја ревитлаизираме Алијансата, да се осугураме дека е силна и ефективна против денешните закани, како и што беше во минатото“ рече Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Оваа порака се толкува како недвосмислен сигнал дека Вашингтон се враќа на лидерската позиција во Алијансата, организација составена од 30 членки со речиси 1 милијарда граѓани. Во наредните денови шефовите на дипломатиите ќе треба да решаваат за важни прашања – организација на претстојниот самит, НАТО во 2030-тата, тензичната ситуација со Русија, мировниот процес во Авганистан – и сето ова, за првпат, со учество на македонски министер за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG