(Вашингтон, Ројтерс) Американскиот Сенат го назначи поранешниот синдикален лидер Марти Волш, син на имигранти од Ирска, за државен секретар за труд.
Со ова напорите на претседателот Џо Бајден за зголемување на заштитата на работниците добиваат поддршка.
Назначувањето на Волш беше изгласано со 68 наспроти 29 гласа.
Новиот секретар веројатно ќе има големо влијание на американските закони и регулативи поврзани со работниците, вклучително и правилата за здравје и безбедност на работа, плаќањето на прекувремената работа како и соодветна примена за пензиските и здравствените планови за работниците.
Волш, кој има 53 години, две години бил лидер на Советот на градежници во Бостон, а во 2013-та станал и градоначалник на овој град со голема поддршка од синдикатите. Потоа бил член на Претставничкиот дом во Масачусетс.
Волш има дадено поддршка за повеќе значајни предлози, како оној за минимална плата од 15 долари на час и платено породилно отсуство.
И покрај големото влијание што ќе го има за работодавачите и работниците, номинацијата на Волш мина без многу контроверзи.
За време на говорот во Сенатот тој порача дека ќе соработува со сите, одлика која му обезбеди поддршка од големи бизнис групи.
„Низ мојата кариера јас водев со тоа што слушав, соработував и градев партнерства“ изјави тој.