Линкови за пристапност

Американска агенција изрази загриженост за информациите соопштени од АстраЗенека


Само неколку часа откако АстраЗенека соопшти дека најновите испитувања за нивната вакцина докажуваат дека таа е „100% ефикасна против сериозна форма на болеста и хоспитализација,“ американска агенција за надзор изрази загриженост за информацијата.

Бордот за безбедност на податоци испрати соопштение во кое вели дека британско – шведскиот фармацевтски гигант „можеби вклучил застарени податоци“ од клиничките испитувања „кои може да дадат нецелосна слика за податоците за ефикасноста.“

АстраЗенека вчера соопшти дека нивната анализа за безбедноста и ефикасноста на вакцината која беше развиена заедно со британскиот универзитет Оксфорд е базирана на над 30 илјади учесници во испитување во САД. Истражувачите од Оксфорд исто така соопштија дека вакцината е 79% ефикасна против симптоматска инфекција со корона вирусот.

Бордот за безбедност на податоци апелираше АстраЗенека да работи со нив на проверка на податоците за да се осигура дека тие се прецизни.

Соопштението од независниот борд на експерти е најнов во низата проблеми со кои се соочува оваа вакцина.

Неколку европски земји неодамна престанаа со нејзино користење поради извештаи дека таа е поврзана со згрутчување на крвта.

Јужна Африка престана да ја користи поради загриженост за ефикасноста против локалната варијанта на корона вирусот. Земјата и продаде најмалку еден милион дози од вакцината на Африканската Унија.

Но, Европската агенција за лекови, телото кое одобрува медикаменти во Европската Унија, соопшти дека вакцината е безбедна и не го зголемува ризикот од згрутчување на крвта.

Светската Здравствена Организација го препорачува користењето на вакцината на АстраЗенека и смета дека користа е поголема од ризиците.

Оваа вакцина е прв избор за земјите во развој поради ниската цена и едноставните протоколи за нејзино чување.

XS
SM
MD
LG