Линкови за пристапност

Собранието на раб на кворум – не може да функционира


Собранието на раб на кворум – не може да функционира
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00

Немањето елементарно ниво на соработка на партиите во парламентот, дури и за клучни прашања поврзани со справување со пандемијата, резултира со нефункционален законодавен дом.

Собранието, веќе подолг период не може да работи како што треба – владејачките партии, и онака со тенко мнозинство, не успеваат да обезбедат кворум за работа, а опозицијата учеството го условува со свои барања. Ова се повторило и на денешната координација кај собранискиот спикер кој, затоа, го прекинал состанокот. Отсуството на двајца пратеници од власта, според Џафери, сакала да го искористи ВМРО-ДПМНЕ која за да партиципира на утрешната собраниска седница побарала наместо за 30, да се дебатира само за 4 точки.

Уште еднаш апелирам до пратениците да се вразумат, да разберат дека се овде во името на граѓаните.
Талат Џафери, претседател на Собранието

„Уште еднаш апелирам до пратениците да се вразумат, да разберат дека се овде во името на граѓаните. Собранието ниту е на власта, ниту е на опозицијата и никому на чело не му пишува дали гласал за власта, или за опозицијата. Апелот е да се вратат на работа, да ги засукаат ракавите и да си го заработат она за што се платени“ рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ безобразно ја злоупотребува ситуацијата со заболени пратеници од Ковид-19
Костадин Костадинов, СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ безобразно ја злоупотребува ситуацијата со заболени пратеници од Ковид-19 за да ги кочи сите важни процеси и закони за граѓаните“ рече Костадин Костадинов од СДСМ.

Опозицијата го тврди спротивното – го обвинува владејачкото мнозинство за блокади и политиканство.

„Законите од овој таканаречен петти сет на економски мерки не се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, тие се блокирани од СДСМ и ДУИ.
Никола Мицевски, ВМРО-ДПМНЕ

„Законите од овој таканаречен петти сет на економски мерки не се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, тие се блокирани од СДСМ и ДУИ. Нашиот предлог експресно беше одбиен. Денес стана јасно кој блокира во собранието, денес стана јасно на кои не им е грижа за здравјето на граѓаните и кои се занимаваат со политиканство и злоупотреба на здравствената криза“ рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта нека прекине да дели емоции за дневнополитичка потреба за тоа колку биле битни овие закони за граѓаните. Власта нека прекине да ги дели граѓаните за тоа кој имал предност меѓу нив“ вели Скендер Реџепи од Алтернатива.

За утрешната седница закажани беа клучни закони од петиот сет мерки за справување со Ковид-19, предлогот за поништување на законот за попис, интерпелации за двајца министри, како и точка за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница, за што албанските опозициски партии поднесоа околу 400 амандмани. Џафери соопшти дека не ги прифаќа условувањата на опозицијата и најави дека ќе причека до четврток, кога од изолација треба да излезе еден од двајцата пратеници од мнозинството.

XS
SM
MD
LG