Линкови за пристапност

Милиони долари донации за семејствата на жртвите од нападите во Атланта


(Атланта, АП) Многумина донираат во онлајн кампањите GoFundMe за жртвите од нападите во Атланта.

Ренди Парк ја започнал кампањата барајќи помош од 20 илјади долари за да го плати погребот на својата мајка која беше убиена во нападите. До вчера, донациите достигнаа три милиони долари.

Многумина бараа начин како да ги поддржат семејствата на убиените, па кампањите на Парк и други луѓе привлекоа десетици илјади донатори со што ги надминаа постигнатите цели за само неколку денови.

„Никогаш не разбирав добро колку вредат парите, но секој цент ќе биде употребен само за неопходните работи“ напиша Парк, син на Хјун Јунг Грант која имаше 51 година и која беше меѓу осумтемина убиени во нападите.

Засега не е формиран заеднички фонд за помош на семејствата на жртвите, нешто што вообичаено беше случај при претходните слични напади.

На пример по нападот од 2017-та на главното шеталиште во Лас Вегас во кој беа убиени 60 луѓе, беше формирана непрофитна организација која им исплати по 275 илјади долари на семејствата. Организацијата настана од кампања креирана на GoFundMe на која имаше над 90 илјади донатори.

Во 2019-та, непрофитна организација обезбеди финансиска помош за семејствата на 22-та убиени во нападот во Ел Пасо, Тексас за кој полицијата соопшти дека бил насочен кон Мексиканци.

За сега, оние кои сакаат да донираат за жртвите во Атланта мора да посетат поединечни кампањи на GoFundMe.

XS
SM
MD
LG