Линкови за пристапност

Продолжен полицискиот час во Мајами Бич поради голем број на туристи


Локалните власти во популарното туристичко место Мајами Бич во Флорида го продолжија полицискиот час за уште три недели.

Во саботата беа уапсени неколку десетици луѓе поради негово прекршување, а од почетокот на март се приведени илјада луѓе, соопштија локалните власти.

Во саботата групи млади луѓе кои се таму за пролетниот распуст беа пречекани од специјални полициски тимови кои го спроведуваа полицискиот час кој трае од 20 до 6 часот.

На 26-ти февруари, пак, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис кој е од Републиканската партија изјави дека оваа сојузна држава е „оаза на слобода“ од рестрикции за корона вирусот.

XS
SM
MD
LG