Линкови за пристапност

АстраЗенека: Испитувања во САД покажаа дека вакцината е безбедна и ефикасна


Испитувањата спроведени во Соединетите Држави покажаа дека вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека е безбедна и 79% ефикасна, соопшти Универзитетот Оксфорд, кој ја разви оваа вакцина за фармацевтската компанија.

Во соопштението од Универзитетот се наведува дека вакцината е „безбедна и многу ефикасна според податоците од претходно испитување спроведено во Обединетото Кралство, Бразил и Јужна Африка, како и според податоците од процесот на имунизација во Обединетото Кралство.“

АстраЗенека соопшти дека анализата за безбедноста и ефикасноста е базирана врз 32.449 учесници во испитувањето во САД.

„Ефикасноста на вакцината е конзистентна кај сите етникуми и возрасти. За забележување е дека кај учесниците постари од 65 години ефикасноста на вакцината беше 80%“ се наведува во соопштението. „Вакцината беше добро толерирана и Независниот борд за утврдување на безбедноста не пронајде проблеми со безбедноста на вакцината“ стои во соопштението.

Неколку европски земји неодамна престанаа да ја користат вакцината на АстраЗенека поради извештаи дека таа е поврзана со згрутчување на крвта кај дел од оние што ја примиле. Сепак, Европската агенција за лекови утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна во битката со корона вирусот.

Европската Унија презема чекори да го блокира извозот на вакцината во Обединетото Кралство од фабрика која се наоѓа во Холандија.

XS
SM
MD
LG