Научниците ја преиспитуваат причината за губењето на водата на Марс заради нови докази кои не се согласуваат со долго-одржуваната теорија дека водата може да испарила од Марс во вселената. Ова доаѓа од ново истражување финансирано од НАСА и објавено неделава во журналот „Наука“.
Истражувачите поставуваат хипотеза дека околу 30 до 90 проценти од водата на Марс може да била изгубена во кората - многу веројатно заробена во минералите што се наоѓаат таму.
Водечката авторка на студијата, Ева Шелер, кажа дека „водата била изгубена пред околу три милијарди години, што значи дека Марс била сува планета како што е сега, за последниве три милијарди години.“
Пред три милијарди години, Марс бил покриен со многу вода што се собирала во бари, езера и длабоки океани со волумен колку половина од Атлантскиот Океан на Земјатта, заклучуваат истражувачите врз база на геолошките докази. Во потрага по исчезнатата вода, научниците веруваа дека водата на кората на Марс избегала низ атмосферата поради ниската гравитација на Црвената планета.
Сега, таа теорија е оспорена од новата студија која теоретизира нов модел за да се објасни загубата на вода.
„Атмосферското бегство не ги објаснува целосно податоците што ги имаме за тоа колку вода всушност постоела некогаш на Марс“, рече таа.
Шелер понатаму откри дека во нивниот модел има три клучни процеси:
„Внесување на вода од вулканизам, загуба на вода во вселената и загуба на вода во кората“.
Таа вели дека моделот им дозволува да ги споредат нивните податоци за воден изотоп на водород, со цел да се пресмета количината на вода изгубена во вселената и онаа што се изгубила во кората.
Презентирајќи ја студијата на 52-та конференција за лунарна и планетарна наука, д-р Калтех кандидат за докторат, објасни дека наодите од истражувањето се засноваат на фактот дека не сите атоми на водород се исти.
Постои најчест водород кој содржи протон и поретка варијанта која содржи протон и неутрон. Овој тип е нашироко познат како деутериум или „тежок“ водород.
Кога водата се губи на површината, полесните атоми на водород побрзо ѝ пркосат на гравитацијата, оставајќи го зад себе „тешкиот“ водород.
Но, истражувачите велат дека количината на односот деутериум-водород забележана во атмосферата на Марс и големи количини на вода во минатото не ја поддржува оваа теорија.