Линкови за пристапност

Бајден до мигрантите од Централна Америка: „Останете дома“


„Ќе кажам мошне јасно – Не доаѓајте“, рече Бајден во интервјуто за Ај-Би-Си.

Американскиот претседател Џо Бајден има едноставна порака до мигрантите од Централна Америка кои се обидуваат да стасаат до САД: „Останете дома“.

„Ќе кажам мошне јасно – Не доаѓајте“, рече Бајден во интервјуто за Ај-Би-Си.

„Не го напуштајте својот градот или својата заедницата“, додаде првиот човек на САД.

Бројката на непридружувани тинејџери и деца што завршуваат во притвор долж границата меѓу САД и Мексико има скок изминатите месеци и нивната бројка достигна речиси 30.000 во февруари. САД имаат предизвик да обезбедат доволно кревети да ги сместат малолетните мигранти, да ги лоцираат нивните роднини коишто веќе живеат во Америка, или лицата кои изразуваат волја да се грижат за нив.

Бајден, кој ја презема Белата куќа пред два месеци, ја запре изградбата на Ѕидот, за што се залагаше претходникот Трамп и најави дека ќе спроведува похумани имиграциони политики.

Републиканските опоненти велат дека неговиот став испраќа порака за поотворени граници. САД и натаму протеруваат возрасни и семејства кои се обидуваат да ја минат илегално мексиканската граница со САД, за да им се приклучат на нивните непридружувани деца.

Претседателот Бајден во интервјуто за Еј-Би-Си ја отфрли идејата дека мигрантите се обидуваат да влезат во САД, затоа што го доживуваат, како „добар човек“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG