Линкови за пристапност

Најмногу номинации за Оскар за „Менк“, за прв пат номинирани две режисерки


(Њујорк, АП) „Менк“ на Дејвид Финчер доби најмногу номинации за 93-те Оскари. Овој филм е номиниран во 10 категории.

За прв пат во историјата две жени, Клои Жао и Емералд Фенел, се номинирани за најдобра режија. До сега во оваа категорија биле номинирани само 5 жени. Жао е прва режисерка со азиско потекло која ја добива номинацијата, но и жена со најмногу номинации во една година – таа исто така е номинирана за адаптирано сценарио, за монтажа и за продукција за филмот „Земја на номади.“

За најдобар филм ќе се борат 8 наслови – „Земја на номади“, „Менк“, „Исус и црниот месија“, „Минари“, „Надежна млада жена“, „Звук на металот“, „Татко“ и „Судењето на чикашките седуммина“.

За најдобра режија се номинирани Клои Жао за „Земја на номади“, Емералд Фенел за „Надежна млада жена“, Дејвид Финчер за „Менк“, Ли Ајзак Чанг за „Минари“ и Томас Винтерберг за „Уште една тура“.

Чедвик Боузман посмртно е номиниран за Оскар за најдобар актер за својата последна филмска улога во „Ма Рејни: Мајка на блузот“, а во оваа категорија се и Ентони Хопкинс за „Татко“, Риз Ахмед за „Звук на металот“, Гери Олдман за „Менк“ и Стивен Јеун „Минари“.

Петте номинирани актерки се Андра Деј за „САД против Били Холидеј“, Вајола Дејвис за „Ма Рејни: Мајка на блузот“, Френсис Мекдорманд за „Земја на номади“, Ванеса Кирби за „Делови од жена“ и Кери Малиган за „Надежна млада жена“.

XS
SM
MD
LG