СКОПЈЕ – Бизнисменот Орце Камчев попладнево е спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во населбата „Шуто Оризари“ за да се спречи можноста за евентуално бегство кое според информациите на безбедносните служби тој го подготвувавл.
Меѓутоа неговиот адвокат тврди дека утрово, околу 8.30 часот, тој бил приведен во својот дом и спроведен во полициската станица „Карпош“, под сомневање за изборни измами, а подоцна по спроведувањето во судот притворот му бил одреден поради опасност од бегство.
„Триесет месеци трае истрагата, ги проби роковите, сите мерки се исполнети, дадени се пасоши и капитал како гаранција. Господинот Јордан Камчев не може да ја напушти Македонија и да сака. Ова е флагрантно кршење на законите, правата и слободата и нивна злоупотреба од одредени политички фактори во државата за дневно политички цели. Двата пасоши се во овој суд“, изјави адвокатот Тони Менкиновски.
Според надлежните притворот за Камчев го побарала обвинителката Лиле Стефанова која води два предмети каде камчев е осомничен – „Империја“ и „Плацевите на Водно“ а поради опасност од бегство.
Информацијата за евентуалното бегство ја имала Агенцијата за национална безбедност (АНБ) која ја проследила до МВР и обвинителството. Неофицијално Камчев се подготвувал да бега во Бугарија и имал средби со службеници од разузнавачките и контрараразуанавчките агенции од таа држава.
Од Обвинителството потврдија дека притворот бил побаран поради опасност од бегство, а во врска со истрагата каде што Камчев е осомничен за перење пари.
„Денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Јордан Камчев е едно од шестте осомничени лица за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка заради постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик“, стои во соопштението од Обвинителство.
Бранителите на Камчев, го оспорија и легитимитетот на барањето за притвор.
„Обвинителот нема надлежност на овие два предмети и не може да бара притвор бидејќи сега работи во обвинителството во Радовиш. На сослушувањето во судот не ни беше презентирана белешката од АНБ и во решението за притвор кое ни го врачи записничарот а не судијата нема образоление или насоки што понатаму“, обвини Менконовски кој најави жалби и до меѓународните судски инстанци.
Тој исто така повлече паралела и со екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков кој беше во бегство а потоа му беше одреден куќен притвор за на крајот и тој да заврши во „Шутка“ и обвини дека сопругот на пораншената пратечника и потпретседател Фросина Ременски којасега е обвинета во „Меѓународен сојуз“ со Бојан Јовановски – „Боки 13“ е на раководна функција во АНБ.
Камчев е осомничен во истрагата за случајот „Плацевите на Водно” во кој првоосомничен е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски. Според Обвинителството Груевски купувал плацови со пари од донации за партијата ВМРО-ДПМНЕ,околу 1,3 милиони евра со кои преку офшор фирма од Белизе се купени 11 илјади метри квадратни земјиште. Обвинителството тврди дека Мијалков и Камчев, како и Рисо Новачевски му помагале на Груевски во перењето на парите од донации.
Притворениот Камчев е осомничен и во случајот „Империја“ заедно со сега веќе осуденикот Мијалков и бизнисменот Цветан Панделевски, случај на поранешното Специјално јавно обвинителство кој сега го води Обвинителството за гонење на организиран криминал.