Линкови за пристапност

ЕУ обезбеди вакцини од „Фајзер-БиоНтек“ за уште два милиона граѓани


Тие треба да бидат испорачани до крајот на овој месец

Европската Унија денес најави дека склучила договор со фармацевтските партнери „Фајзер“ и „БиоНтек“ за дополнителни четири милиони дози вакцини, кои треба да бидат испорачани до крајот на овој месец.

ЕУ соопшти дека новите дози ќе бидат доволни за целосно вакцинирање на два милиона луѓе.

Унијата рече дека зголемувањето на дистрибуцијата на вакцините овој месец е резултат на успешното проширување на производствените капацитети во Европа, кои биле завршени минатиот месец.

Во јануари, „Фајзер“ привремено ја стопираше испораката на вакцини во ЕУ, поради градежните работи во нејзината фабрика во Белгија.

Во изјава на веб-страницата на ЕУ, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, рече дека вакцината на „Фајзер-БиоНтек“ е ефективна против сите мутации на ковид-19, и оти ќе ги држи под контрола, особено во пограничните региони.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG