Линкови за пристапност

„Институциите се соучесници“ - осмомартовски марш против насилство врз жените


Петти протест на невладините поради инерноста на надлежните и остуството на пријави и пресуди за предааторите од „Јавна соба“. Им изрекоа пресуда на институциите, побараа чистење на полицијата од сторители на семејно насилство и контрола врз обвинителите кои работат на предметите од „Јавна соба“

СКОПЈЕ -„ Во името на понижените, малтретираните, застрашуваните, прогонуваните, тепаните, убиените жени и девојки денес ја изрекуваме следнава пресуда -виновни се за соучество во злосторство сите оние кои имаат моќ одговорност и ресусрси да обезбедат достоинство, правда, безбедност и заштита на лична сигурност и животот на жените и девојките а не го прават тоа“.

Невладините и активистите денеска го прославија денот на жената поинаку од вообиаченото, иритирани од инернотста на надлежните институции во скандалот „Јавна соба“, со протестен марш на кој им „изрекоа пресуда“ на МВР и на Обвинителството.

Незадоволни од истрагите кои траат со месеци и години им порачаа на полициските службеници и на обвинителите да почнат да си ја заработуваат платата и да ги извршуваат своите работни задачи, да не ги прикриваат насилниците а предметите да ги работат професионалци кои ќе му стават крај на насилството врз жените и родовото насилство.

„МВР и Јавното Ообвинителство,неодложно да постапат по сите барања кои им се испорачани и веќе добро познати. Бараме кривичен прогон и обвиненија за сторителите од „Јавна соба“. Бараме прочистување во МВР од службеници кои сториле семејно насилство и засилена контрола врз обвинителите кои работат на случајот „Јавна Соба“. Ние сме тука ве следиме и нема да ве оставиме на раат“, порачаа од протестот под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“ кој почна пред Министерство за внатрешни работи а завшри во паркот Жена Борец спроти Собранието.

А притисокот се зголемува. Денеска премиерот Зоран Заев, честитајќи го празникот на жената во своето видео-обраќање го повика Обвинителството да го расчисти случајот „Јавна соба“.

„Се придружувам во повикот Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Немаме повеќе ни минута за губење. Жртвите мора да бидат заштитени, рече Заев.

Случајно или не, денеска се огласи и Обвнителството. Повторија дека се поднесени обвиненија за две лица од случајот „Јавна Соба1“ по истрагата која траеше од декември 2019 година до феверуари годинава.

За „Јавна соба 2“потврдија дека сеуште се води предистрага и дека од 27 јануари чекаат одговор од „Телеграм“ околу идентитетите на креаторите и модераторите на оваа група а истото го побарале и од надлежните во Велика Британија. За овој случај се осомничени четири лица од Битола, Прилеп, Велес и Кавадарци.

„Во Основното јавно обвинителство Велесдонесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија. Имено, при вештачење на мобилниот телефон на осомничениот, пронајдени се видео записи со детска порнографија. Основното јавно обвинителство Битола издаде наредби за вештачење на ЦД и на мобилен телефон во насока на прибирање материјални докази и утврдување на факти во предметот. По пристигнување на извештајот од извршеното вештачење ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката“, соопштија од Обвинителството.

Во Кавадарци се собирале докази а во Прилеп се запленети два мобилни телефони кои со месеци се вештачат.

Од МВР денеска молк, како и изминатите триесетина дена. Првиот човек на полицијата, Оливер Спасовски, на 10 февруари ја потвори изјавата која неколку пати ја даде во јавноста изминатиот период.

„Продолжуваме и понатаму со идентификација на нови лица во делот на „Јавна соба“. Знаете дека двајца од оваа група, креаторот на оваа група и администраторот се приведени. На нив им е одреден притвор. Имаме уште четири кривични пријави за други четири лица и продолжуваме со идентификација и понатаму за останатите учесници во овој проект“, рече Спасовски но сеуште не е позанто какви пријави и против кого се поднесени.

На 5 февруари портпаролот на МВР соопшти дека вештачењето на одземените телефони на четворицата приведени, истите кои ги спомена Обвинителството во денеѓното соопштение, ќе биде завршено во наредните 48 часа.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на 30 јануари најави дека е подготвени дополнувања на Кривчниот законик и членот 144 и дека се додаваат кривичните дела „демнење“ и „сексуално вонемирување“ со кои се предвидува максимална затворска казна од три години. Меѓутоа дали се доставени до Владата која треба да ги усвои, нема информација.

Инертноста на институциите го стори своето па по примерот на македонските предатори деновиве е откриена уште една група „Балканска соба“ со 36 илјади членови од повеќе држави од регионот каде што се споделуваат фотографии, видеа и информации од недолжни жртви.

XS
SM
MD
LG