Линкови за пристапност

Комисијата предложи воведување полициски час


Владата на утрешната седница ќе го разгледа предлогот на Комисијата. Засега нема најава доколку се прифати од кога би се вовел полицискиот час. Бројката на новозаболени и хоспитализирани е во постојан пораст

СКОПЈЕ - Министерстерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да почне полицискиот час и до кога да трае истиот, соопшти Министерството за здравство.

„Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19“, соопшти министерот Венко Филипче.

Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број хоспитализирани. Од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект. Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, стои во соопштението.

Заклучно со утрово во Ковид центрите во Скопје и на инфективните одделенија во болниците во внатрешноста хоспитализирани се 860 пациент и има околу 370 слободни кревети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG