Линкови за пристапност

Испорачана првата пратка на вакцините „Спутник В“


Станува збор за три илјади дози авкцини со кои ќе се вакцинираат најстарите граѓани со хронични болести и луѓето сместени во старечките домови

СКОПЈЕ -Првата пратка од три илјади дози од вакцината „Спутник В“ денеска пристигна во Северна Македонија. Тоа е правата пратка од вкупно 200 илјади руски вакцини кои ги порачаа и платија надлежните. На скопскиот аеродром пратката ја дочекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин.

Вакцината е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник, а ќе се чува во фржидерите во пунктот во „Јане Сандански“.

„Станува збор за вакцини кои што се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинација, што значи дека сите овие дози ќе се користат за прва вакцина. Продложува процесот на имузација во доменот на здравствените работници и според индикацијата и на граѓани и онака како што е предвидено во националниот план за вакцинација. Во упатството на „Спутник В“ има препорака за претпазливост само кај трудници и доилки. Не е наведена никаква друга контраиндикација“, речеФилипче и најави дека први оваа вакцина ќе примат најстарите граѓани со хронични болести и луѓето сместени во старечките домови.

За начинот како ќе се одвива вакцинацијата, објасни дека сите ќе бидат известени преку своите матични лекари и повикани на пунктовите кои ќе им бидат најблиску, додека во делот на старечките домови, вакцинирањето ќе се спроведе во домовите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG