Кога се вративме поднесовме апликација во црквата. Отидовме кај отец Џорџ и тие ја направија нашата куќаМазен Шемес, жител на Каракош
Пред само неколку години беше незамисливо да се служи христијанска литургија во овој град на северот на Ирак. Во 2014-та борците на Исламска Држава влегоа во Каракош и го променија животот на Мазен Шемес.
Смртоносна граната падна на нашата куќа. Мојот син, синот на брат ми и детето на соседите умреаМазен Шемес, жител на Каракош
„Смртоносна граната падна на нашата куќа. Мојот син, синот на брат ми и детето на соседите умреа“ вели Мазен Шемес, жител на Каракош.
Шемес, неговото семејство и илјадници други побегнаа. Со години беа иселени додека битките дома ги оштетуваа зградите и патиштата кои тие овде постоеја со генерации.
Отец Амар Јако се сеќава кога ја видел Црквата на безгрешното зачнување, најголема во Ирак, за прв пат откако градот во 2016-та беше ослободен од Исламска Држава.
На крајот на 2016-та влегов во градот со воените сили кои го ослободија. Во оваа црква влеговме на 25-ти октомври. Беше целосно изгорена и уништенаотец Амар Јако, католички свештеник во Каракош
„На крајот на 2016-та влегов во градот со воените сили кои го ослободија. Во оваа црква влеговме на 25-ти октомври. Беше целосно изгорена и уништена“ вели отец Амар Јако, католички свештеник во Каракош.
Но, религиските лидери започнаа со обнова. Надбискупот Јохана Петрос Муче и други лидери направија план за повторна изградба на домовите на луѓето со средства од непрофитни христијански организации од странство.
„Моравме повторно да ги изградиме куќите за луѓето да можат да си дојдат дома. Кога се вратија, тие ги обновија црквите. Тоа беше успешно“ вели Јохана Петрос Муче, католички надбискуп на Мосул.
„Кога се вративме поднесовме апликација во црквата. Отидовме кај отец Џорџ и тие ја направија нашата куќа“ вели Мазен Шемес, жител на Каракош.
Црквата на безгрешното зачнување сега во најголем дел е обновена и папата Франциск треба да ја посети на 7 март. Ирак некогаш имаше 1.5 милиони христијани, но за 20 години тој број падна на 300 илјади. Религиските лидери велат дека повторната изградба на домот на Шемес и на неговото семејство е чекор поблизу до обнова на заедницата која беше протерена од насилството и војната.