Линкови за пристапност

Зголемени безбедносни мерки во американскиот Конгрес


Полицискиот оддел на американскиот Конгрес сериозно ги зема предвид разузнавачките информации за можно сценарио во кое милитантна група би го пробила обезбедувањето денеска.

„Веќе направивме значителни безбедносни надградби кои вклучуваат воспоставување физичка бариера и зголемување на бројот на ангажирани сили за да обезбедиме заштита на Конгресот, на јавноста и на полицајците. Нашиот оддел работи со локалните, државните и федералните партнери за да спречи било какви закани“ соопшти одделот.

Зградата е заштитена со помош на Националната гарда и е опкружена со безбедносен периметар и висока ограда по нападот од 6-ти јануари од страна на поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Толпата проби во Конгресот додека членовите имаа сесија на која требаше да ја потврдат изборната победа на Џо Бајден.

Денешниот датум е поврзан со крајно десничарската теорија на заговор според која Трамп, кој тврдеше дека има масовна изборна измама, ќе се врати на власт на 4-ти март. Ова е датумот на кој порано се инаугурирал новиот претседател, пред тој да биде префрлен на 20-ти јануари во 1933-та година.

Претходно неделава ФБИ и Одделот за домашна безбедност ги предупредија локалните полициски сили во заеднички разузнавачки извештај дека група милитантни екстремисти дискутирала да охрабри луѓе да отпатуваат во Вашингтон и да ја преземат контролата врз Конгресот.

Поради заканите Претставничкиот дом ја откажа седницата. Сенатот сепак ќе одржи сесија.

Законодавците одржа неколку сослушувања за настаните кои претходеа на 6-ти јануари и за одговорот на локалните и федералните агенции.

Одделот за правда покрена обвиненија за над 300 луѓе за учество во нападот во кој загинаа петмина, од кој едниот беше полицаец.

XS
SM
MD
LG