Првиот човек на Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) изјави дека „сега не е време“ за укинување на рестрикциите за Ковид-19. Ова доаѓа еден ден откако гувернерот на Тексас објави дека оваа сојузна држава е „100% отворена.“
На виртуелна прес конференција, директорката Рошел Валенски рече дека следните месец или два ќе бидат клучни во одредувањето на траекторијата на пандемијата.
Од една страна таа нотираше дека стапката на новоинфицирани низ целата земја се израмнува, но од друга страна рече дека новите варијанти на Ковид-19 како британската може да поттикнат зголемување на бројот на заразени.
Валенски исто така кажа дека јавност е веќе изморена од пандемијата и дека луѓето почнуваат да ги игнорираат мерките кои, според неа, успешно придонеле за намалување на бројот на инфекции во САД.
Директорката цели дека ова се случува во време кога САД ја почнуваат програмата за вакцинација на целата нација која треба да биде комплетирана за три до четири месеци.
Таа апелираше Американците да продолжат да носат маски, а локалните власти да ја охрабруваат нивната употреба. Валенски исто така рече дека треба да се избегнува патување, поголеми собири како и да се продолжи со одржување на личната хигиена.
Гувернерот на Тексас, Републиканецот Грег Абот, вчера ја укина наредбата за задолжително носење маски, како и другите рестрикции за бизнисите. Тој рече дека Тексас ги има совладано навиките потребни за да се одбегне инфекција со Ковид-19.