Линкови за пристапност

Куќен притвор за Мијалков, полицијата во потрага по него


Полициски тимови вечерва се појавија пред комплексот „Панорама“ на Водно, едно од неговите живеалишта за да му врачат решение за куќен притвор. По екс директорот на УБК и првообвинет во случајот „Тврдина Таргет“ се трага. Доколку e прогласен за виновен се соочува со долгогодишна затворска казна

СКОПЈЕ - Полициски екипи се во потрага по екс директорот на тајната поиција,Сашо Мијалков, отккао вечерва не успеаа да му го врачат решението за куќен притвор издадено од скопскиот Кривичен суд.

Околу 20 часот бројни полициски екипи се појавија пред неговиот дом во комплексот „Панорама„ на Водно за да му го врачат решението за куќен притвор откако било потвредно дека Мијалков се наоѓа на таа локација. Меѓутоа Мијалков не бил пронајден. Истое времено тимови на МВР, се појавија и во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје сопственост на Мијалков како и во станот во населбата Капиштец.

Според информациите на Гласот на Америка на македонски јазик. решението не е врачено, се трага по Мијалков и не се исклучува можноста дека тој веќе е надвор од државата.

Според сведоштва на граќани, на сите излези од Скопје е забележано засилен присуство на полицијата.

Мијалков е обвинет во случајот Таргет-Тврдина за незаконско прислушување на илјадници граѓани во периодот додека беше директор на УБК, од 2006 до 2015 година. Завршните зборови на судењето беа во петокот, по што тој си замина дома. Обвинителството викендов побарало домашен притвор, а судот го прифатил барањето.

Изрекувањето на пресудата за Мијалков, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување е закажано за 26 февруари.

XS
SM
MD
LG