СКОПЈЕ - За две години е зголемен животниот век на граѓаните во Северна Македонија, покажуваат податоците на „Еуростат“ кои се однесуваат на периодот до 2009 до 2018 година.Очекуваниот животен век на граѓаните во Северна Македонија е 76,7 години.
Животниот век расте од година во година па така во 2009 година 74,4 години што укажува дека за една декада се зголеми за две години.
Во Северна Македонија подолго живеат жените од мажите. Според статистиката на „Евростат“ мажите во Македонија во просек живеат 74,6 години додека жените имаат четири години повеќе животен век - 78,8 години.
Според податоците на Државниот завод за статистика во 2019 година најзастапени причини за смрт во нашата земја се болестите на циркулаторниот систем – 51,8 процент а на второто место се неоплазмите со 18,6 проценти.
Во регионот, најдолг животен век имаат имаат Грците со 81,9 годинии Словенците со 81,5 години. Просечниот очекуван животен век на граѓаните на Албанија е 78,9 години, на Црна Гора 76,9 години, а на Србија 75,7 години. Најмал очекуван животен век има во Бугарија - 75 години.
Просечниот очекуван животен век во Европската Унија (ЕУ) е 81 година што е за речиси четири години повеќе од нашата држава. Најдолг животен век има во Швајцарија - 83,8 години а потоа се Италијанците со просечен животен век од83,4 години, Исланд и Франција со 82,9 години иНорвешка со 82,8 години.
Во САД пак, последните статистики покажуваат дека животниот век се намалил за една година, од 78,8 на 77,8 години што е најголемо намалување од Втората светска војна наваму. Новата статистика вели дека за мажите се очекува да живеат 77,1, а за жените 80,5 години.
Провизорната дата што ја објави Националниот центар за здравствена статистика на (CDC) за јануари до јуни 2020 индицира дека најголем одраз имало кај малцинствата, со тоа што црните Американци изгубиле близу три години, а Хиспанците - близу две години.
Facebook Forum