Линкови за пристапност

Македонски државјани помагаат во изградбата на бунари и чешми во Африка и Азија


Македонски државјани помагаат во изградбата на бунари и чешми во Африка и Азија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Ова повеќечлено семејство од Пакистан, конечно доби чиста и безбедна вода за пиење. Сега ќе нема потреба да патуваат со километри, за да ја изгасат жедта. Благодарение на добронамерници од Северна Македонија, кои донираат средства, досега се изградени повеќе од петстотини помали пумпи само во Пакистан.

Дваесет и шест годишниот Сеит Сејдиу, од дебарското село Скудриње, кој е еден од иницијаторите, вели дека донираат не само локални жители од земјава туку и иселеници од странство.

„Таква пумпа или чешма ја користат локално, три или четири локални куќи“ вели Сејдиу.

Изградиле и четириесеттина поголеми бунари во Африка, во Уганда, Зимбабве и Судан од кои со вода за пиење се снабдуваат цели населби. Од каде желбата и идејата да се помогне.

„Ние посебно во нашиот крај, често се случува да имаме проблем со недостаток на вода. И знаеме како е во денешно време, да се случи, еден час, два или три да немаме вода и веднаш не фаќа паника. Замислете луѓе кои живееле години без да имаат чиста вода за пиење и некој да треба да патува километар или два за да дојде до вода за пиење“ додава Сејдиу.

Сеит вели дека се почнало пред неколку години, кога во комуникација со луѓе од Босна кои веќе правеле бунари, направиле неколку поголеми во Африка. Почнале да собираат донации, но интересот вели станува се поголем.

„Има доста интерес. Луѓето сакаат да направат. Секој кој е во можност донира бунар или чешма од помалите. Поголемите во Африка се 900 евра. Помалите се по 350 евра. Тие се чешми во Пакистан“ вели Сејдиу.

Но не само бунари. Изградени се и две џамии, кои го носат името Македонија. Едната во Уганда, другата во Зимбабве.

„Има луѓе кои обавуваат пет пати молитва во денот. Но најблиската џамија им била некаде 10-15 километри. Ни понудија да се собере одредена донација за да се изгради џамија во местото каде што живеат. Јас самоиницијативно пробав, известив некои мои пријатели. Го објавив тоа и на ФБ, кој сака да донира. Бидејќи сумата беше малку поголема и не можев сам да си го дозволам тоа. За недела, две се собраа средствата и ја уплативме џамијата. Во истиот период кога се собираа средства за едната џамија, ми се јавија и други луѓе. Рекоа дека сакаат да изградат фамилијарно џамија. Тоа беа четворица браќа“ вели Сејдиу.

Следниот нивни проект е изградба на дом за две фамилии во Пакистан, едно од подрачјата вели Сеит, каде доста луѓе и на зима живеат под шатори. Негова желба е еден ден директно да ги посети овие краишта и на лице место да се увери во се она што успеале да го направат.

XS
SM
MD
LG