Линкови за пристапност

Најавен нов протест за расчистување на „Јавна соба“


Најавен нов протест за расчистување на „Јавна соба“
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:53 0:00

Платформата за родова еднаквост, која го оранизираше неодамнешниот протест за „Јавна соба“ најавува нов.

Платформата за родова еднаквост, која го оранизираше неодамнешниот протест за „Јавна соба“, бара итни резултати за расчистување на овој и сличните случаи на сексуално вознемирување и злоупотреба на фотографии на девојки, често и малолетни. Здружението критикува дека надлежните институции - Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство не делуваат доволно брзо, ниту пак манифестираат дека се подготвени до крај да ги расветлат предметите и сторителите. Затоа, се најавува нов протест – овојпат токму на 8 март.

„Очекуваме кривични пријави од МВР против сторителите од „Јавна соба“ за делата: злоупотреба на лични подалтоци, посредување во вршење проституција, загрозување на безбедноста или ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем во зависност од околностите на случајот. Очекуваме започнување на процес на прочистување на полицијата од полициски службеници сторители на насилство врз жени и нивно соодветно санкционирање. Очекуваме донесување фактичка и доследна примена на внатрешна политика за ефикасно санкционирање на сите полициски службеници, кои ги повредиле првата на жртвите на родово засновано насилство преку своето непрофесионално постапување или пропуштање да се преземат мерки“ изјави Бојана Јовановска, Платформа за родова еднаквост.

XS
SM
MD
LG