Линкови за пристапност

Вистински фан - изложба во Охрид посветена на ФК Барселона


Вистински фан - изложба во Охрид посветена на ФК Барселона
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Особено му се драги финалните натпревари кои Барселона ги играла во Лигата на шампионите. Но посебно победите од 5-0 против Реал Мадрид и онаа над Париз Сент Жермен на Ноу Камп, од 6-1. Се надева дека за изложбата ќе слушнат и челниците на каталонскиот клуб.

„Уште како мал барав да читам спортски дел во весниците. Татко ми читаше други работи, а јас ќе го притиснав дај да видам што има во спортот, што има за Барселона. Ја сакам Барселона од своја 13 годишна возраст. Ме импресионира стадионот, ме импресионира клубот“ вели Стефан Николоски.

Охриѓанецот, Стефан кој е голем вљубеник и навивач на Барселона,

уште како мал почнал да собира постери и исечоци од весници поврзани со неколкукратниот европски фудбалски шампион.

Се она што во изминатите дваесет години го собрал помеѓу кои и многу сувенири, дресови, тренинг маици, шорцеви, клупски реквизити од кои поголемиот дел ги купил или добил на подарок од Ноу Камп, ги претстави на една несекојдневна изложба во Охрид.

„Сега живееме во малку тешки времиња, и реков мотив да им дадам на младите, дека љубовта кон спортот, кон клубот, фудбалот, можат и вака да се презентираат. Околу 55 рамки се изложени овде. Плус имам осум дресови кои што висат. Јас мислев дека само еден ѕид ќе е доволен за сето ова, но на крај ти ѕида ги искористив“ вели Стефан Николоски.

Вели дека неколку парчиња од изложените му се посебно омилени.

„Омилено парче ми е дрес од 1999 година, по повод 100 годишнината од постоењето на Барселона и овој дрес навистина ми буди убави спомени

И исто така од 2004-2005 година, дресовите се многу убави. Имам и дрес од фудбалерот Карлос Пујол. Од сите играчи кој што сум ги гледал најмногу го сакам Карлос Пујол. Тој мислам дека е симбол на Барселона“ вели Стефан Николоски, навивач на Барселона.

Четири пати бил досега бил во Барселона, но двапати успеал да ја гледа во живо на Ноукамп, последен пат во 2017 година.

„Сон ми е да го гледам Ел класико со Меси, додека е Меси овде. Штета што не се отворени границите, бидејќи можеби ова е последна сезона на Меси и можеби сега тоа требаше да го направам“ вели Стефан Николоски.

Особено му се драги финалните натпревари кои Барселона ги играла во Лигата на шампионите. Но посебно победите од 5-0 против Реал Мадрид и онаа над Париз Сент Жермен на Ноу Камп, од 6-1. Се надева дека за изложбата ќе слушнат и челниците на каталонскиот клуб.

„Барселона Балкан фан има страна на ФБ. Им пратив исечоци, и сторија како сето ова изгледа. За многу бргу ќе им испратам и на официјалната страна на Барселона. Ќе видиме можеби ќе ме изненадат. Можеби ќе ме повикаат како почесен гостин и можеби ќе ме наградат за својата љубов кон клубот“ вели Стефан Николоски.

Желбата на Стефан е да организира многу поголема изложба, а во меѓувреме вели ќе продолжи да собира работи кои се поврзани со Барселона.

XS
SM
MD
LG