Ново истражување покажува дека стероид кој вообичаено се инхалира како третман за симптоми на астма ги намалува шансите за потребна хоспитализација кај заразени со Ковид-19.
Научниците од Универзитетот Оксфорд извршиле истражување со 146 пациенти со рани симптоми на корона вирус. Половина од нив добиле инхалатор со Бундесонид, додека останатите вообичаен третман.
Научниците откриле дека мнозинството пациенти кои добиле Бундесонид немале потреба од хоспитализација, закрепнале побрзо и имале полесна клиничка слика.
Истражувањето, кое е се уште не рецензирано, започнало откако научниците откриле дека пациентите со хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) значително поретко завршуваат во болница поради Ковид-19.