Линкови за пристапност

Британски научник: Новата варијанта на Ковид-19 ќе стане доминантна во светот


Британски научник вели дека варијантата на корона вирусот која за прв пат беше откриена во оваа земја најверојатно ќе се прошири низ целиот свет.

Шерон Пикок, директорка на Конзорциумот за генотипизација на Ковид-19 во Обединетото Кралство, ова го кажа во интервју за Би Би Си.

Оваа варијанта која полесно се пренесува за прв пат беше откриена во областа Кент на југот на Британија во септември, а оттогаш е потврдена во над 50 држави, вклучително и во САД.

Конзорциумот за генотипизација на Ковид-19 ги следи генетските мутации на новиот корона вирус. Пикок вели дека вакцините се ефикасни за сегашните мутации, ни предупреди дека научниците ќе откриваат нови варијанти уште најмалку една деценија, се додека вирусот не мутира во форма која нема да биде вирулентна.

XS
SM
MD
LG