Линкови за пристапност

Утре пристигнуваат првите вакцини против коронавирусот


Утре пристигнуваат првите вакцини против коронавирусот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Утре во земјава ќе пристигнат првите вакцини против коронавирусот – пратката ќе дојде од Србија. Примопредавањето, според најавите, ќе се случи на граничниот премин Табановце, а ќе присуствуваат и премиерот Заев и српскиот претседател Вучиќ.

Уште минатиот месец беше договорено Србија да отстапи 8.000 свои дози набавени од американски „Фајзер“ кои земјава ќе ги плати. Процесот се оддолжи поради потребата од законски измени. Покрај вакцините од Србија, наредната недела се очекуваат и дозите од кинески „Синовак“.

„Она што го очекуваме во делот на кинеските вакцини е 15-16 февруари, денеска треба бидат платени од наша страна за да може да се испланира превозот со авион на овие 200.000 кинески дози. Системот ни е целосно подготвен, прво ќе се вакцинираат здравствените власти“ изјави премиерот Зоран Заев.

Од денеска, со проблеми, почна да функционира веб страницата за пријавување на граѓаните за вакцинација. Секој може да се пријави, а системот ќе утврдува кој ќе биде на приоритетната листа. Предвидено е вакцинацијата прво да ги опфати медицинските лица од ковид центрите и возрасните над 70 години. Целта е дневно да се вацинираат по 2.500 граѓани.

Освен кинеските и фајзеровите се очекуваат и вакцини од „Астра Зенека“ од „Ковакс“-механизамот, како и најавената помош од Европската Унија. Претседателката на Европска комисја, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека Западен Балкан е изземен од ограничувањата за извоз на вакцини од територијата на ЕУ, без да прецизира кога Унијата би можела и во практика да ја спроведе декларираната асистенција за регионот.

XS
SM
MD
LG