СКОПЈЕ – За речиси пет отсто е зголемен бројот на заболени минатата недела, покажува анализата на Институтот за Јавно здравје (ИЈЗ). Во периодот од 1 до 7 февруари регистрирани се 2.120 нови случаи во 34 градови низ државата. Речиси половина од новозаболените се во Скопје – 1.011.
Најголем број од новите случаи се лица над 60 години, а голем број на заболени и има и кај возрасните групи од 30 до 39 години, 50 до 59 години и 40 до 49 години.
Минатата недела короната зави во црно 21 град а починаа 66 пациенти што е за 3,1 отсто повеќе споредено со претходната недела. Меѓу починатите е и 27 годишно момче.
„ Во однос на возраста, 58 лица биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице на возраст од 40-49, 30-39 и 20-29 години“ соти во извештајот.
Најголемо зголемување има на бројката на оздравени пациенти. Минатата недела, преко новиот алгоритам или вторниот негативен тест го добиле 3.322 пациенти кои биле хоспитализирани или пак на домашно лекување.
Во моментов кај 56 пациенти е потврдено дека се заболени од т.н. „британски сој “ на Ковид-19.
„До ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на “британскиот” сој на САРС-ЦоВ-2 од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на САРС-ЦоВ-2. Од овие резултати е забележано дека “британскиот” сој на САРС-ЦоВ-2 е присутен во осум градови, а најголем број случаи се откриени во Охрид - 25, Прилеп - 10 и Кавадарци каде има четворица пациенти.
Од Министерството за здравство информираат дека анализите од МАНУ детектирале поголем број на нови варијантина вирусот, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на Ковид -19 од странство.
Facebook Forum