Линкови за пристапност

Потпишан договорот за кинески вакцини


Потпишан договорот за кинески вакцини
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Стигна нова медицинска помош за Северна Македонија за справување со пандемијата, но таа не вклучува вакцини против Ковид-19. Во земјава дојдоа респиратори кои се дел од системот на НАТО заштита, а донација на Словачка.

„Доаѓам во многу тежок период за целото човештво кога се справуваме со пандемијата. Ова е моментот кога треба да покажеме колку го вреднуваме вашето пријателство и ова е моментот да покажеме дека пријателите меѓусебно си помагаат. Словачка се мачи како да им помогне на сопствените граѓани, но не забораваме да им помогнеме и на другите“ изјави Иван Корчок, министер за надворешни работи на Словачка.

„Добро е да се имаат пријатели, така блиски кои мислат на нас кога и на нив им е тешко“ изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Европската Унија најави 70 милиони евра помош за Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Намерата беше со овие средства да се олесни процесот на набавка на вакцини кои, како што првично се планираше, требаше да отстапуваат и самите земјите-членки. Но, глобалниот недостаток на вакцини од западно производство, што се почувствува и во самата Унија, резултираше со тоа голем дел од регионот, вклучувајќи ја и земјава да остане без ниту една вакцина. Денеска министерот за здравство го потпиша договорот со кинески „Синовак“ за набавка на 200.000 дози. Венко Филипче не се сомнева во ефикасноста на овие вакцини.

„Ефикасноста конкретно на кинеските вакцини во различни публикации оди од 60 до близу 90 проценти. Меѓутоа, мислам дека сосем доволно за да се постигне саканиот ефект, а тоа е да има одреден степен на колективен имунитет. Тоа што е многу битно е количината со која целосно се покриваат две многу значајни категории, прво здравствените работници буквално сите и не само здравствени работници, како и сите други кои работат во здравствениот систем и најризичната категорија возрасни граѓани со хронични болести“ изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче уверува дека кинеските, како и вакцините на останатите западни прозиводители, се подеднакво безбедни. Проценките на надлежните се дека по март ќе се намали притисокот врз производителите и дека ќе се олесни пристапот до сите вакцини на пазарот.

XS
SM
MD
LG