Линкови за пристапност

Во понеделник се потпишува договорот за набавка на 200 илјади вакцини од Кина


Кога ќе бидат испорачани нема прецизна дата. Вакцината на „АстраЗенека“ нема да се дава на лица постари од 65 години. Капацитетот на вакцинирање до 2.500 граѓани дневно. Матичните лекари ќе закажуваат термини за вакцинација но ќе има и можност за електронско пријавување

СКОПЈЕ –Имунизацијата на населението ќе почне со вакцините на кинеската „Синофарм“. Министерството за здравство во поделеник го потпишува договорот за набавка на 200 илјади вакцини со кои ќе се вакцинираат 100 илјади граѓани. Сепак кога ќе стартува процесот не е прецизно утврдено, а се очекува вакцините да пристигнат во Северна Македонија десетина дена по потпишувањето на договорот. За транспорт ќе биде задолжено Министерството за здравство.

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема резерва кон ниту една вакцина и би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина што прва ќе пристигне во Северна Македонија.

„Вакцинацијата ќе се врши преку постоечката здравствена мрежа и вакцинални пунктови. Направен е детален план за транспорт од аеродром до сите места каде што вакцините се складираат, економските оператори и Здравствениот дом тука во Скопје, понатаму план за дистрибуција до вакциналните пунктови како и начинот на практично спроведување на вакцинацијата“, рече Филипче.

Вакцините на кинеската „Синофарм“ може да се чуваат и транспортиаат на температура од 2 до 8 степени со што голем број на веледрогерии и здравстеви домови ги исполнуваат условите за нивно складирање и транспорт.

Вакцинацијата ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови, во две смени и на секои 10 минути, а максималниот капациетет ќе биде 2.500 граѓани дневно.

„За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза веднаш ќе биде резервирана и втора која треба да се прими после 21 ден што значи дека со оваа пратка на вакцини имаме вакцини за 100 илјади лица. Записот за вакцинацијата станувца дел од екелтронското досие на пациентот и граѓаните ќе добијат сертификат“, рече Филипче.

Националниот план на вакцинација е составен од четири фази. Во првата фаза ќе се вакцинираат здравствените работници во јавното и приватното здравство кои работат со Ковид-пациенти и сите граѓани над 70 години. Станува збор за бројка од околу 14.200 здравствени работници и над 170 илјади лица кои имаат над 70 години.
термините чќе ги закажуваат матичните лекари преку „Мој термин“ но ќе се отвори и можноста за електронска апликација.

„Следната недела очекуваме да ја објавиме веб-страната што ќе биде од информативна природа и ќе го содржи делот за пријава, односно за изразување на интерес за вакцинација. Кога веб-страната ќе биде достапна, пријавувањата можат да започнат веднаш. Пријавувањето ќе бидесовнесување на личните податоци, граѓаните ќе се идентификуваат и ќе добијат одоговр на електронската пошта што ќе ја остават дека е примена нивната пријава и можат да очекуваат повик од матичен лекар за терминот кога ќе биде закажана вакцинацијата, соодветно групата во која спаѓаат, дефинирана во Националниот план“ изјавиЖаклина Чагаровска од „Мој Термин“.

Сепак засега нема солуција доколку граѓаните не сакаат да примат одреден тип на вакцина.


Во втората фаза ќе се вакцинираат здравствените работници со умерен ризик, вработени во витални институции, лица над 65 години и помлади ако имаат коморбитети а во третата фаза ќе се вакцинираат сите останати кои ќе се пријават.

Надлежните ќе го следат примерот на повеќе држави во светот и најверојатно, вакцината на „АстраЗенека“ која ќе биде достапна преку Ковакс системот нема да се дава на лица над 65 години.

„ Сѐ уште се чекаат официјални насоки од Светската здравствена организација но најверојатно и во северна Македонија вакцината на „АстраЗенека“е нема да се дава на граѓаните кои имаат над 65 години. Ова се должи на фактот што вакцината на овој производител нема има послаб ефект кај овој тип на популација“ рече д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација.

Според најавите на Владата, овој месец треба да пристигнат 5.800 вакцини на „Фајзер“ а компанијата треба до крајот на годината да испорача 800 илјади доволни за вакцинација на 400 илјади граѓани. Преку Ковакс системот, во заклучно со јуни треба да бидат испорачани 103 илјади вакцини на производителот „АстраЗенека“ а до крајот на годината вкупно 833 илjади дози.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG