ЕУ и Кина на крајот на минатата година постигнаа договор во областа на инвестиции без преседан во кинеските бизнис односи. Преговорите коишто траеја седум години, забрзано беа завршени на 30-ти декември лани. Долгорочната инвестициона европско-кинеска соработка, постигната без консултација со американската страна, се одвива во период на зголемена напнатост меѓу САД и Кина. Според мислењето на аналитичарите, тој договор може да биде на штета врз трансатлантското партнерство. Прилог на Јела де Франчески.
САД тргнаа по патот на трговско и економско одвојување од Кина, додека Европа отиде во спротивна насока.Штефан Лене, експерт од Институт Карнеги за Европа
„Америка е навистина најзначаен економски партнер за Европа, додека Кина е на второ место. Меѓутоа, дојде до промени, и САД тргнаа по патот на трговско и економско одвојување од Кина, додека Европа отиде во спротивна насока. Тоа ќе биде тема на разговори меѓу САД и ЕУ не само во следните четири години за време на мандатот на Бајден, туку можеби и во следните 10 години“ вели Штефан Лене, експерт од Институт Карнеги за Европа.
Кинеско-европското приближување започна во екот на глобалната финансиска криза во 2008-ма, која особено ја погоди ЕУ, вели Штефан Лене, аналитичар од Институтот Карнеги за Европа. Кина, токму во тој период тргна со големи инвестиции во европските држави. По пет години, во 2013-та, беше одржан заеднички Самит на кој ЕУ и Кина покренаа промоција за сеопфатно заедничко „стратешко партнерство до 2020-та“. Набрзо потоа, претседателот Ши Џипинг ја оствари и првата државна посета за еден кинески лидер на Брисел.
Европско-кинеското приближување беше во согласност со тогашните интереси на САД, смета аналитичарот Чарлс Капчан.
Дејствувавме под претпоставка дека како што Кина ќе станува побогата, и нејзината средна класа ќе се зголемува, ќе се либерализира и самиот систем во Кина.Чарлс Капчан, експерт во Советот за надворешни односи
„Сето тоа беше во духот на претворање на западниот либерален поредок во глобалниот либерален поредок. Дејствувавме под претпоставка дека како што Кина ќе станува побогата, и нејзината средна класа ќе се зголемува, ќе се либерализира и самиот систем во Кина“ вели Чарлс Капчан, експерт во Советот за надворешни односи.
На речиси последниот ден од минатата година, ЕУ потпиша обемен договор за инвестиции со Кина, која се обврза на досега невиден пристап на европски фирми на кинескиот пазар. Лене смета дека ЕУ не ги занемарува кинеските прекршувања ниту на економско, ниту на политичко поле.
Европската унија, не случајно во 2019-та ја прогласи Кина за европски партнер, но и европски конкурент и стратешки ривал на поширок план.Чарлс Капчан, експерт во Советот за надворешни односи
„Европската унија, не случајно во 2019-та ја прогласи Кина за европски партнер, но и европски конкурент и стратешки ривал на поширок план. Европа и натаму се надева дека Кина ќе ја согледа предноста од преземање на улогата на беневолентен глобален актер“ вели Чарлс Капчан, експерт во Советот за надворешни односи.
На Брисел му е важно да го увери Вашингтон дека стандардите усвоени во најновиот договор со Кина се такви што и САД самите би ги одобриле, вели Лене.
Чарлс Капчан, од своја страна, истакнува дека за администрацијата на Бајден, значајно е трансатлантските сојузници да го имаат во предвид и прашањето на војна и мир и во другите региони, како што е Пацификот, каде надворешно-трговската размена во која Европа значително учествува изнесува над 10 илјади милијарди долари годишно.
Капчан, додава:
Постои добро и помалку добро сценарио за иднината. Или ќе успееме да седнеме на заедничка маса со Кина и да се договориме за заедничките меѓународни цели и патот до нив, или нема.Чарлс Капчан, експерт во Советот за надворешни односи
„Постои добро и помалку добро сценарио за иднината. Или ќе успееме да седнеме на заедничка маса со Кина и да се договориме за заедничките меѓународни цели и патот до нив, или нема. Неуспешно сценарио би можело да доведе до опасно напнати стратешки односи како од времето на Студената војна со Советскиот сојуз. Тоа беше биполарен однос меѓу американската демократија и советскиот комунизам“ рече Чарлс Капчан, експерт во Советот за надворешни односи.
Кина само пред неколку дена испрати најмалку 15 борбени авиони, против-морнарички летала и авиони за набљудување во тајванскиот воздушен простор, заедно со најмалку шест бомбардери, покрај четири борбени авиони. Тајван возврати со свои летала. САД, изразија „цврста“ поддршка за Тајван и испратија американска флота во Јужното кинеско море.