Линкови за пристапност

Предаторите од „Јавна соба“ завршија во притвор


Станува збор за креаторот и админстраторот на групата откриена и затворена минатата година. Тие се товарат за детска порнографија и се соочуваат со петгодишна казна затвор. МВР засега нема нови осомничени. Во обвинителството трае предистрагата за членовите и жртвите на двете групи

СКОПЈЕ – Обвинение и притвор за двајца скопјани кои минатата година ја создадоа групата „Јавна соба“ во која, како и сега се споделуваа слики, видео записи и информации на недолжи жртви, малолетнички, девојки и жени. Станува збор за двајца креаторот на групата 32 годишен скопјанец кој го користеше псевдонимот „Медо“ и 21 годишен скопјанец кој бил администраторот на групата.

„По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело“, соопштија од Кривичниот суд.

Обвинителството кое вчера поднесе обвинение против нив во кое ги товари за производство и дистрибуција на детска порнографија, дело за кое е предвивдена минимална затворска казна од пет години. Обвинителството успеало да ги најде и да ги документра видео записите објавени во таа група на кои се гледа полов однос со малолетни лица.

„Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор на групата, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете“, информираат од Обвинителството.

Со ова заврши предистрагата на Обвинителството која траеше точно една година и поради што беше жестокот критикувано од јавноста но и од претседателот Пендаровски. Предистрагата за четворицата предатори кои минатиот месец беа приведени како и онаа за пријавите на жртвите ог групите кои се појавија минатата година и сега сеуште трае.

Од МВР засега нема точна информација колку лица пријавиле дека се жртви на предаторите од „Јавна Соба“ но и најави за нови приведувања.

„Приведовме четири лица, извршивме претреси кај нив и им ги одзедовме мобилните телефони. Вештачењето е при крај. Очекуваме денеска или утре да заврши. Кога сето тоа ќе биде документирано целиот материјал проследен со кривична пријава ќе го проследиме до Обвинителството. Ние работиме на дететктирање на другите членови и се разбира кога ќе обезбедиме докази ќе има и нови приведувања“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

„Јавна соба“ не е забава. „Јавна соба“ е кривично дело, а државата и институциите кои молчат и затвараат очи пред сексуалното вознемирање се сочуесници на насилниците и предаторите. Ова беа пораките од завчерашниот протест кој го организираа невладините организации во знак на поддршка на жртвите од предаторите во „Јавна соба“. Протестот почна пред МВР а заврши пред Обвинителството.

Пред присутните говореа и дел од жртвите. Ана Колева, која прва прговори во јавноста за пеколот низ кој минала порача дека не смее да се молчи но и дека жртвите не смеат да чувствуваат вина.

„ Мојот глас е глас на сите девојки кои минаа низ истото, дали сега или минатата година. Беше доволно молк. Време е да се освестиме. Каде живееме, кого имаме до нас и какви работи поддржуваме. Не смееме да чекаме туѓиот срам да помине за да продолжиме со нормален живот. Ова нека е почеток на големи промени во опшстеството. Нека се едуцираат институциите но и луѓето. Законски измени мора да има“, порача Колева.

Адвокатката Марта Гусар, која застапува жртви на семејно насилство, заврши во групата Јавна Соба каде беше објавен нејзиниот телефонски број. Таа ги охрабри жртвите да ги пријавуваат предаторите во полиција.

„Ако нема начин како државата да не заштити иако тоа мора да го стори жртвите тогаш мора самите да ги превземат овие чекори. Пријавување со телефонски броеви, скриншотови на пораките и во најблиската полициска станица да укажат дека станува збор за сексуално вознемирување. Барајте потврда за примање на пријава и фотокопија од записник. Ова се првите клучни чекори. Секое појавување во полициска станица на насилникот нема да му биде убаво и пријатно “, изјави Гусар.

Во меѓувреме министерството за правда предложи измени на Кривичниот законик со кои ќе севоведат две кривични дела, „демнење“ и „сексуално вознемирувцање“ за кои е предивдено казна затвор и до три години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG