Линкови за пристапност

Сенатот го одобри буџетскиот план – пакетот вреден 1.9 трилиони долари поблизу до усвојување


(Вашингтон, Ројтерс) Иницијатива на претседателот Џо Бајден за усвојување на пакет помош вреден 1.9 трилиони долари е поблиску до реализација откако рано во петокот Сенатот го одобри буџетскиот план со кој Демократите ќе може да ја истуркаат легислативата во следните недели, со или без поддршка на Републиканците.

На крајот на дебатата која траеше 15 часа и по усвојувањето на десетици амандмани, Сенатот гласаше и резултатот беше нерешен, 50 наспроти 50, па одлучувачки беше гласот на потпретседателката Камала Харис чие „да“ беше пресудно за победа на Демократите.

Ова е прв пат Харис, како претседателка на Сенатот, да го даде пресудниот глас откако стана потпретседателка на САД.

Во Сенатот на САД Републиканците имаат 50 места, а Демократите 48 но и поддршка од двајца независни Сенатори.

При нерешен резултат во гласањето се вклучува и потпретседателот на САД кој во исто време има улога и на претседател на Сенатот.

XS
SM
MD
LG