Во некои делови во САД има проблеми со вакцинирањето. И главниот град не е исклучок. Жителите на најсиромашните населби во Вашингтон се најмалку застапени во процесот на имунизација.
Претставници на кабинетот на градоначалничката одат од врата до врата во домовите на повозрасните граѓани во овие соседства во обид да ги вклучат во вакцинирањето.
Жителите на Вашингтон постари од 65 години можат да ја добијат бесплатната вакцина. Во други делови од земјата локалните власти ги започнаа програмите за вакцинирање со оние кои се постари од 75 години.
Директорката на Одделот за здравство на Вашингтон, Лакандра Несбит за Вашингтон Пост изјави дека просечниот животен век во некои од најсиромашните делови од градот е 68 години, додека во побогатите соседства достигнува 89.
„Доколку ги вакциниравме само постарите од 75 немаше да имаме импакт во соседствата кои најмногу. Се соочуваат со болеста“ рече таа.