Линкови за пристапност

Финалето во американски фудбал може да поттикне ширење на вирусот


Здравствените власти ги предупредуваат жителите на САД да не го претворат неделното финале во американски фудбал во настан за масивно ширење на вирусот. Фановите вообичаено се собираат на големи домашни забави и во барови и ресторани за да го гледаат натпреварот. Властите апелираат оваа година натпреварот да се гледа „единствено со луѓето со кои веќе живеете.“

Финалето се игра во недела меѓу тимовите на Канзас Сити и Тампа.

На стадионот во Тампа кој има капацитет од над 65 илјади гледачи ќе има публика од само 25 илјади луѓе, во најголем дел здравтвени работници кои добија бесплатни билети.

Ова финале ќе има најмала публика во 55 годишната историја.

Според најновите податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс на глобално ниво има над 104 милиони потврдени случаи на Ковид-19, а од нив над 2.2 милиони се починати.

САД остануваат на врвот на листата со најмногу инфицирани, над 26 милиони. Следат Индија со 10.8 милиони и Бразил со 9.3 милиони.

XS
SM
MD
LG