Линкови за пристапност

Димитров ја „преживеа“ и третата интерпелација


Со 53 гласа „за“ и 55„против“ Парламентот не ја прифати интерпелацијата на вицепремиерот Никола Димитров. На гласањето му претходеше жестока распарава со Собранието која траеше цел ден

СКОПЈЕ - Никола Димитров останува вицепремиер за европски прашања откако во Парламентот не помина интерпелацијата поднесена од опозициката ВМРО - ДПМНЕ. Ова е трета неуспешна интепрелација за Димитров, во изминатите три и пол години, а во претходните две тој беше на функцијата шеф на дипломатијата.

Дванаесет часа траеше дебатата во Собранието исполнета со меѓусебни обвинувања и квалификации.

„Целиот ден и сите ваши излагања само ми ја потврдија тезата дека интерпелацијата нема врска со мојата реална работа, туку е гол политички театар.Сметам дека нема поента и дека е дрскост „пожарникарот“ да му се правда на „пироманот“, рече Димитров пред гласањето во Парламентот.

Клучни аргументи на пратениците од опозицијата беа недобивањето на датум за старт на преговори со Европската Унија, фијаско на преговорите со Бугарија и како што тврдеа манипулирање со јавноста.

„За време на кампања пред парламентарните избори даде ветување дека Македонија формално ќе ги започне преговорите со ЕУ до крај на годината или до крај на 2020 година, што не се случи. Давањето на лажни ветувања во политиката ја отвора дилемата за враќање на мандат. Актуелниот заменик претседател на Владата пред неколку месеци беше и прв човек на МНР, беше во постапка за постигнување на Преспанскиот договор, како и на оној за добрососедство со Бигарија. Тоа се асиметрични договори кои беа презентирани како извонреден успех. Трето, за решенијата во овие договори не е воден сооддветен демократски дијалог и не е вклучена пошироката експертска јавност.Четврто, во два наврата Димитров беше повикан пред Комисијата за надворешни работи во Собранието да се разговара за прашањето со Бугарија и блокирањето на патот кон ЕУ, а тој не се појави да рефереира по овие прашања“, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО - ДПМНЕ.

Димитров пак во неговите обраќања од собраниката говорница потенцираше дека недобивањето на датум за преговори во октомври или во јуни 2019 година нема никаква причинско-последична врска со реформската кондиција кај нас дома.

„Ветувањата за кои нè обвинувате се ветувања на Европската Унија. Пред мене ја имам одлуката од март 2020 година каде вели, преведувам директно од англиски, Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Република Северна Македонија и нема на следната страна услови“, речеДимитров.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека терминот македонска историска Комисија, е избришан, токму заради тоа што, како што рече, Никола Димитров им го овозможил тоа на сите страни коишто тоа ќе го побараат, не само на бугарската, преку уставниот Закон за спроведување на амандманите, усвоен на 11 јануари 2019-тата година.

„Бришачот, тој кој што ја избриша придавката „македонски“ од институциите, кон институциите, и од институциите кон други држави е Никола Димитров“, кажа Милошоски.

Димитров пак го обвини Милошоски за ширење на лажни вести.

„Дали на една земја членка и треба Договор за да ја искористи својата привилегија како земја членка и да не се согласи со определено прашање? Дали може Бугарија и без Договор да блокира? Потребата од Договор за пријателство со Бугарија настана поради влошените односи во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, и за време на вашето министерување со Министерството за надворешни работи и на тоа јасно укажуваше бугарската страна пред потпишувањето на договорот“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Собранието допрва ќе се расправа за уште две интерпелации откако опозициската ВМРО - ДПМНЕ по извештајот на „Транспаренси Интернешенел“ на која Северна Македониа беше досега најлошо рангирана на 111 место побара разрешување на на вицепремиерот за борба против корупција ЉупчоНиколовски и за правда Бојан Маричиќ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG