Линкови за пристапност

Северна Македонија повторно во групата на „хибридни режими“


Пад од едно место на глобалната листа на „Економист“ за индексот на демократијата. Државата најдобро котира во категоријата „изборни процеси“ а најлошо во „политичка култура“. Уште едно лошо рангирање а по она на „Транспаренси“ за индексот за корупција каде е на историски најниското 111 место

СКОПЈЕ - Северна Македонија не успеа да излезе од групата на „хибридни режими“ веќе трета година по ред. Магазинот „Економист“ ја објави глобалната листа за индексот на демократија каде Северна Македонија е рангирана на 78 место, со индекс од 5,89 што е пад за едно место споредено со минатата 2019 година.

Покрај нашата држава со хибриден режим се класифицирани и Црна Гора,Босна и Херцеговина, Турија,Украина, Ел Салвадор, Боливија, Сенегал, Либан.

Анализирајќи го извештајот кој содржи пет категории кои се оценуваат, Северна Македонија има најдобра оцена во категоријата „изборни процеси и плурализам“, со оценка од 7,42 и во „граѓански слободи“ каде оценката е 7,06. Најлошата оценка е во категоријата„политичка култура“ каде индекстот е 3,13. Споредено со минатата година, Северна Македонија има 0,08 индексни поени помалку, и 0,12 од прагот од оценката 6 за да излезе од групата „хибриден режим“.

Северна Македонија е најлошо рангирана сите соседи а во регионот едниствено полоши се Црна Гора која е на 81 место и Босна и Херцеговина на 101 место.

Власта и опозицијата со дијаметрално спротивни ставови и меѓусебни обвинувања.

За владеачката СДСМ, во извештајот имапофалби за успешно спроведени избори во време на пандемија а негативните оценки се вина на кадрите на ВМРО - ДПМНЕ во преодната Влада.

„Две години по ред државата бележеше напредок на Индексот откако претходно 10 години по ред вртоглаво паѓаше, а за 2020 се воочени благи негативни моменти кои се должат на две причини, односно поради рестрикциите кои секако беа неопходни во време на пандемија и здравствена криза, како и поради недостиг на напредок во политичката култура, што главно се должи на лажни вести, на политички радикализам, самовластие и неказнивост за кои што има и јавно познати виновници. Работата на државните институции во време на пандемија, но и однесувањето на опозицијата и нивните кадри во преодната влада, однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се исто така дел од Индексот на демократија на „Економист““, сооптија од СДСМ.

За опозициската ВМРО - ДПМНЕ, Македонија предвидена од Владата на Зоран Заев официјално е хибриден режим, најкорумпиран во Европа.

„Заев ветуваше иднина во Европа, а не може земјава да мрдне од Африка. Ветуваше живот, а стана рекордер по мизерија. Ветуваа правда, останавме заковани во хибриден режим. Според Индексот на демократија, во 2020 година е на 78. место или не сме напреднале споредено со минатата година на ранг листата што ја прави „Економист“, повторно прогласувајќи ја земјава за хибриден режим.Дијагнозата е мафија, одговорот мора да е народот!“, напиша претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалната мреа „Фејсбук“ .

Минатата недела пак „Транспаренси Интернешенел“ ја објави листата за индексот за корупција на Северна Македонија е рангирана на 111 место, историски најлошо досега.

За аналитичарот Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократоја “Социетас Цивилис“, двата извештаи покажуваат дека има стагнација во борната против корупцијата иако станува збор за прецепција додека во извештајот на „Економист“ во најголем број области Северна Македонија е оценета како нецелосна демократија, а оценката за политичката култура причината поради која државата останува рангирана како хибриден режим.

„Извештајот на транспренси покажува дека стагнираме во борбата против корупцијата. Сепак точно е дека се работи за перцепција, но исто така е точно дека и овој параметар е инидкативен и важен. Индексот на демократија на Економист од друга страна е загрижувачки, но треба да се има во предвид дека во три од петте области влегуваме во повисокиот ранг на демократија т.н. „демократии со проблеми„ и дека клучната причина за понискиот ранг на хибридни режими е исклучително ниското рангирање во делот на политичката култура каде имаме оценка 3 од можни 10. Напредокот во категоријата „ изборни процеси“ е нотиран во извештајот на Економист но од друга страна имавме прилично дисфунционлна техничка влада, вакум период од 5 месеци во кој немавме Собрание и никаков надзор на Извршната власт, а во отсуство на Собранието немаше кој да ги одобри одлуките за вонредна состојба ,што се смета за нарушување на граѓанските права“, изјавиТрошановски за Гласот на Америка на македонски јазик.

Воспоставување на политички дијалог, уважување на заеднички државен интерес,цврста борба против корупцијата, партиски именувања и финиширање на процесите на СЈО се клучот која Северна Македонија ќе ја помести на листите на „Економист “ и „Транспаренси“.

„Постојаната спирала на меѓусебни негирања, демонизација, говор на омраза го зголемуа политичкиот цинизам кај граѓаните, ја намалува довербата во инситуциите и ги зголемува барањата за силен лидер, што се сметаат авторитарни тенденции носат негативни бодови на индексот. Во делот на борбата против корупцијата конечно да се донесе стратегија за борба против корупција во Парламентот и да се дадат ресурси на обвинителството и Антикорупциска кои им беа ветени но сеуште се одложуваат. Судски пресуди за обининенијата кои се превзмеаа од СЈО. Именувања на функционери врз основа на заслуги и компентенции, особено во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија. Ова не се направи со последната рунда пополнувања на пониските ешалнои туку повторно се ротираат или воведуваат нови партиски решенија“, се само дел од конкретните потези кои треба да се превземат според Трошановски.

Со индексот на демократија се опфатени 167 држави, а оценувани се по 60 показатели во пет категории – изборен процес и плурализам, функционирање на владата, политичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи. Најдобро рангирани се Норвешка, Исланд и Шведска а најлошо Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG