Линкови за пристапност

Корупцијата во Северна Македонија ја однесе на 111 место на листата на „Транспаренси“


Ова е досега најлошо рангирање на државата. Декларативните заложби на Владата мора да се заменат со конкретни чекори. Високата корупција и неказнивоста мора веднаш да се адресираат. Перцепцијата на граѓаните секогаш не соодветстува со реалноста но проблем со корупцијата има, сметаат надлежните

СКОПЈЕ- Слободниот пад продолжува, Северна Македонија се подлабоко тоне во корупција а влестите или немаат воља или не знаат како да се справат со корупцијата која е присутна во секоја пора од општеството.

Невладината „Транспаренси Интернешенел“ денеска ја објави листата според Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) а нашата држава ја рангираше на 111 место што е најлошо рангирање откако ИПК се мери во Северна Македонија.На оваа листа нашата држава го дели 111 местосо Босна и Херцеговина, Панама и Монголија. За само две годни државата бележи пад 18 места и е најлошо рангирана во регионот на Западен Балкан.

Северна Македонија има 35 индексни поени, исто како и минатата година, но бележи пад од пет места бидејќи останатите држави имале напредок во борбата против корупцијата. Во последните пет години, индексните поени се движат од 35 до 37 што покажува дека нема речиси никаков напредок во борбата против корупцијата.


„За жал и оваа година Северна Македонија оди наназад и надолу во борбата против корупцијата. Ова е досега најлошо рангирање од 2001 година откако Македонија се рангира на Индексот на прецепција на корупција. Годинава има 35 индексни поени, исто како и минатата година, но сега е на 111 место и е пад за 5 места“, изјави Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интеренешенел“.

Според „Транспаренси Интереншенел“, извештајот покажува дека Владата мора да превземе конкретни активности кои ќе дадат резултати и со кои ќе се намали корупцијата во судството и ќе се зголеми неговата ефикасност, да се зајакнат капацитетите на државните институции и да се спроведе ефикасна борба против високата корупција, да се спроведат постапки за конфискација на украдените пари кои би се вратиле на оние од кои се украдени - граѓаните. Исто така потребно е целосно да запре процесот на партиски вработувања во државната администрација која е гломазна и неефикасна.

„Мерките кои ги превзема Владата, Собранието и државните институции се недоволни. Тие сеуште се во сферата на декларативното и без видливи резултати пред се во зголемување на ефикасноста на судството и негова ефикасна реформа. Неопходно е да се зајакнат сите активности за спроведување на ефикасна борба против копруцијата, посебно против високата корупција која е недопирлива за органите за прогон и за правдата. Очигледно е дека само со политика и декларативност не може да се промени состојбата “, рече Тасева.

Зајакнувањето и екипирањето на надзорните институции како што е Антокоруоцикста комисија е еден од чекорите кои ги истакна Тасева.

А Антикорупциската комисија сеуште работи во истите простории и го очекува софтверскиот ситем со кој ќе може многу поефикасно да врши проверки на имотната состојба на функционерите. Планираната преселба во нови простории извиси откако Владата одлучи таму да го стави министерството за политички систем со кое раководи вицепремиерот Артан Груби. Осуммина службеници од министерството ќе ја „засилат“ Антикорупциска, но прво ќе мора да се обучат бидејќи немаат никакво познавање на материјата и работата на Комисијата.

За претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, корупцијата е широко распоространета во општеството и институциите. Таа смета дека има извесни поместувања преку нови законски регулативи но она што недостастува е судската разврска и ставање на крај на принципот на неказнивост.

„За жал корупцијата сеуште е начин на живот во државата. Тоа е резултат на ниската свест на функционерите и граѓаните. Перцепцијата за корупцијата не мора секогаш да соодветствува со реалноста. Пример е високата корупција и Законот за Јавно обвинителство кој ги опфаќа предметите на СЈО. Тоа што ни недостасува е судска разврска и завршница. Нека се решат барем тие предмети и перцепцијата ќе се смени. Најголем проблем е неказнивоста“, вели Ивановска.

Таа додава дека преку поединечни предмети дететктирале и укажале на слабости во системот како што се именувањата и дискрециските права, но само третина од нивните препоракибиле применети од Владата за која смета дека во моментов на Комисијата и дава само декларативна поддршка.

Владата минатата година го креираше вицепремиерското место за броба против корупцијата на кое го назначи Љупчо Николовски. Тој е на ставот дека перцепцијата ја креираат граѓаните чии очекувања беа брзи правни разрешници а вината делумно ја лоцира кај нивните претходници.

„Перцепцијата на граѓаните дека корупцијата е зголемена е резултат на неколку фактори - медиумите се послободни и може да се известува за случаи за кои порано поретко се слушало, граѓаните очекуваа драстична промена во судството, која, како чесна и отчетна Влада би морале да кажеме, е помакотрпна од очекувањата, и фактот што државата сѐ уште е во процес на градење на колективна свест за штетното и разорно дејство на корупцијата, но ситното подмитување тешко се искоренува. Свесни сме дека граѓаните очекуваа и очекуваат брзи правни разрешници со промената на власта. Но, сите добро знаеме какви режимски инсталации имавме и се уште имаме во правосудството и зошто и кој ги кочеше реформите поврзани со правната држава“, велат од неговиот Кабинет за „Гласот на Америка“.

Оттаму додаваатдека Етичкиот кодекс, задолжителната транспарентност на државните институции и регистарот на вистински сопственици се само дел од чекорите кои тој ги превзел во насока на борбата против корупцијата

Владата пак најави креирање„кол центар“ за пријавување на корупција и следење на постапките во институциите. Од друга страна пак во Собранието , повеќе од една година се чека на усвојување Националната стратегија за борба против корупција и спречување на судири на интереси, која Антикорупциската комисија ја изработи заедно со неколку министерства и државни институции.

За формирање на резултатот на Индексот на прецепција на корупцијата за Северна Македонија користени се податоци од 7 истражувања спроведени во 2019 и 2020 година, од релевантни организации и на основа на утврдена и проверена методологија.

И годинава, најдобро рангирани држави се Нов Зелан и Данска со 88 индексни поени а Сингапур, Шведска, Швајцарија и Финска имаат по 85 поени од можни 100.
Просекот на индексни поени за Европската Унија е 66, а најниско рангирани европски држави се Унгарија, Романија и Бугарија кои имаат по 44 поени. За регионот на Источна Европа и Централна Азија каде што се вројува Северна Македонија просекот е 36 од 100 индексни поени.

Најлошо рангирани држави во светот и оваа година се Сомалија и Јужен Судан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG