Линкови за пристапност

Димитров и Османи во мисија за деблокирање на преговорите со ЕУ


За претседавачот Португалија проширувањето на Унијата е важно но приоритет е социјална, заелна и дигитална ЕУ и ублажувањето на последиците од пандемијата

СКОПЈЕ - Дали ќе има поместување во евтоинтеграциските процеси на државата по серијата средби на двоецот Димитров Османи во Бриселна маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ на кои тие добија гаранции дека проширувањето ќе продолжи како и поддршка од европските дипломати.

Вицепрмиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи се сретнаа со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан и за дијалогот Белград – Приштина, со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унија, Жозеп Борел, а клучната средба беше со министерот за надворшени работи на Португалија – земјата претседавач со Унијата, Аугусто Сантош Силва.

Од она што може да се заклучи од соопштенијата кои ги лиферуваше Владата, поддршката за Северна Македонија не изостанала но конкретни пораки и можни решенија за надминување на бугарската блокада и продолжување на евроинтегративниот процес нема.

Според официјалните информации од средбата на Димитров и Османи со Сантош Силва, Португалија нема да го запре процесот на проширување на Унијата но тоа нема да биде приоритет за време на нејзиното претседателство, како што во повеќе наврати беше соопштено.

„Приоритетите на претседателството се насочени кон социјална, дигитална и зелена Европа; со зајакната доверба на нејзините граѓани во европскиот социјален модел; промовирање на Унија заснована на заеднички вредности. Силва потврди дека за Португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање и дека во рамките на нивните надлежности ќе направат сѐ што е во нивна моќ, да се динамизира дијалогот за усогласување на Преговарачката рамка и формално да се отпочнат пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ“, стои во владината информација за средбата.

Заклучокот од средбата со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел е дека стартот на преговорите со Северна Македонија ќе придонесе за задржување на кредибилитетот на ЕУ во целиот регион.

„ На средбата беше подвлечен фактот дека Северна Македонија има навистина голем број пријатели меѓу земјите членки, чии интереси за иднината на Европа се совпаѓаат со нашите – целосно интегрирање на Западниот Балкан за конечно комплетирање на Унијата. Од страна на ВП Борел беше поздравено високото ниво на усогласување на Северна Македонија кон заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, информираат од Владата.

Димитров и Османи денеска имаа средба и со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Од друга страна пак, САД остануваат силен сојузник и поддржувач на Северна Македонија во евроинтергацијата процеси. Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз во интервју за Гласот на Америка потенцираше дека САД се разочарани од ветото на Бугарија бидејќи Северна Македонија е подготвена да го почне процесот на преговори со ЕУ но и декаветото носи ризик не само за Северна Македонија, туку и за ЕУ, како и за прашањата поврзани со процесот на проширување во целина.

„Очигледно е дека бевме многу разочарани од одлуката на Бугарија да го блокира почетокот на пристапниот процес минатата година, и ние ќе продолжиме да правиме тоа што можеме, за да осигураме билатералните прашања да се решаваат преку билатерални канали, и оти добрата волја и постојаните напори што Северна Македонија ги презема за да ги води билатералните разговори со Софија да продолжат на позитивен начин, одвоено од политичката реторика. Има држави кои не ги делат истите визии за Северна Македонија во Европа, и кои не ги делат вредностите за Европа, како слободна и обединета, каде има долготраен мир и стабилност. Тие можеби ќе гледаат да ја искористат ситуацијата за нивен стратешки интерес. Јасно е дека Русија и Кина не ја делат таа визија и мислам дека ова е нешто што сите треба да го имаат предвид“, рече амбасадорката Брнз.

Скопје и Софија останаа цврсто на своите ставови, односно дека нема да се преговара за индетитетот и јазикот од една страна и создавањето на македонската нација и држава по наредба на Тито и Коминтерната. Разменетибеа акциски планови со кои само се потврди позицијата на двете држави. Токму затоа премиерот Зоран Заев, минатата недела, соопшти дека официјалните преговори со Софија ќе продолжат по изборите во таа држава кои се закажани за април.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG