Линкови за пристапност

Новиот шеф на УСАГМ започна со преиначување на политиките на претходникот


Директорот на Гласот на Америка Рајли е отстранет во потег на новиот в.д. раководител на агенцијата, поставен од Бајден

Со брзи потези, на нејзиниот прв ден како вршител на должноста извршен директор на Американската агенција за глобални медиуми, новинарката Келу Чао ја надгледуваше смената на директорот на Гласот на Америка, менувајќи го нашироко критикуваниот раководител поставен од нејзиниот претходник Мајкл Пек, кого, пак, го назначи Трамп.

Роберт Рејли, кого Пек го назначи за директор на Гласот на Америка во декември, беше отстранет заедно со неговата заменичка Елизабет Робинс. Јоланда Лопез, поранешна директорка на вестите на Гласот на Америка, коja Рејли ja прераспредели минатата недела, беше именувана за вршител на должноста директор на Гласот на Америка.

Со неговото заминување, Рaјли влезе во историјата како прв директор на Гласот на Америка кој бил поставен двапати, служејќи нешто повеќе од една година за време на двете назначувања, во временско растојание од 20 години.

УСАГМ на емаил до вработените во четвртокот извести за персоналните промени, меѓу другото потврдувајќи дека претседателот Џо Бајден ја избрал Чао, многу ценета ветеранка на Гласот на Америка, за вршителка на должноста извршен директор на УСАГМ, матичната организација на Гласот на Америка. Пек поднесе оставка во средата откако новата демократска администрација го извести дека ќе биде сменет. Брајан Кониф, поранешен претседател на Блискоисточните радиодифузни мрежи, беше именуван за заменик на Чао.

Во соопштението се додава дека Џефри Шапиро поднел оставка на функцијата директор на Канцеларијата за радиодифузија во Куба.

Чао, со повеќе од 40 години во Гласот на Америка и во агенцијата, е првата жена на чело на УСАГМ.

Во нејзината сегашна улога, Чао ќе ги надгледува мрежите и грантистите на УСАГМ кои ги вклучуваат Гласот на Америка, Радио Слободна Азија, Радио Слободна Европа / Радио Либерти, Канцеларија за радиодифузија во Куба, Блискоисточните мрежи за радиодифузија и непрофитната организација за слобода на интернет,от Фондот за отворена технологија. Во соопштението се вели дека Бајден наскоро се очекува да назначи постојан извршен директор.

Поранешниот државен секретар Мајк Помпео со поранешниот директор на Гласот на Америка Роберт Рајли
Поранешниот државен секретар Мајк Помпео со поранешниот директор на Гласот на Америка Роберт Рајли


Назначувањето на Рајли предизвика критики и загриженост кај законодавците.

Најмалку 48 сегашни и поранешни новинари ги повикаа Рајли и Робинс да дадат оставки минатата недела, обвинувајќи ги дека го прекршиле кодексот за новинарство во мрежата, давајќи му на висок владин службеник „слободна платформа за зборување во живо на нашите канали“. Тие исто така посочија на наглата смена на Патси Видакусувара од функцијата дописник од Белата куќа.

Видакусвара беше преместена во Индонезиската редакција, каде што ја започна својата кариера во Гласот на Америка, откако се обиде да му постави прашање на тогашниот државен секретар Мајк Помпео во врска со актуелните настани по говорот одржан во аудиториумот на Гласот на Америка.

Таа, исто така, се спротивстави на Рајли што не го искористел настанот за дозволување прашања за контроверзни теми.

Снимките од нејзината размена со Рајли покажуваат дека директорот ѝ вели на Видакусвара дека не е „овластена“ да поставува прашања и ја укори дека не знае како да се однесува. Таа го следеше Помпео на излез од зградата на Гласот на Америка, извикувајќи прашања.

Законодавци и поранешни претставници на УСАГМ минатиот месец изјавија дека јавните коментари на Рајли и неговите објавени книги кои изразуваат контроверзни ставови за хомосексуалците и муслиманите ризикуваат да предизвикаат непоправлива штета на кредибилитетот и угледот на мрежата. Кога пристигна како директор на Гласот на Америка во декември, Рејли им рече на вработените дека неговите претходни написи се „ирелевантни“ за неговите службени должности.

Елиот Енгел, тогашен претседател на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом, назначувањето на Рајли го нарече „понижувачко и срамно“.

„Новинарите на Гласот на Америка не треба да трпат штета на репутацијата и да работат за некој со толку заостанати ставови кои не се во чекор со американските вредности“, рече Енгел, демократ од Њујорк, во изјавата во декември.

УСАГМ не даде објаснување за отпуштањето на Рајли.

Мајкл Пек
Мајкл Пек


Мандатот на Пек како прв извршен директор на УСАГМ беше бурен и доведе до неколку жалби на свиркачи, наредба од Канцеларијата на специјалниотсоветник за истражување на наводите за лошо раководење и одделни судски налози за забрана тој и неговите помошници да се мешаат во уредничките одлуки на Гласот на Америка или да поставуваат лица во Фондот за отворена технологија.

Поранешниот извршен директор во интервјуата рече дека се обидува да ги реши долгогодишните безбедносни пропусти и пристрасност во известувањето.

Дејвид Сеид, виш советник на непрофитниот владин проект за отчетност, што претставува повеќе од 20 свиркачи на Гласот на Америка, ја поздрави промената во раководството.

Тој рече дека агенцијата треба да се придвижи кон враќање во Видакусувара на местото и на секое друго лице за кое е утврдено дека е неправилно суспендирано или отстрането и да ги испита обвинувањата за лошо управување.

„Мора да има запис за она што се случи во текот на изминатите шест месеци. Мора да има транспарентност. Поддршката на новото раководство ќе биде критична. Уверен сум дека тие ќе го обезбедат тоа“, рече Сеид.

За време на мандатот на Пек минатата година, законодавците ја ослабнаа позицијата извршен директор со воведување повеќе ограничувања на моќта во Законот за авторизација на Националната одбрана.

Бордовите исто така ќе бидат двопартиски, а членовите ќе мора да имаат релевантно искуство во новинарство, технологија, радиодифузија или дипломатија.

Промените може да влијаат и на конзервативниот борд назначен од Пек пред неговото заминување неделава. На 19 јануари тој објави нови конзервативни членови за бордовите што претходно ги распушти, меѓу кои и Роџер Сајмон, кој пишувал за The Epoch Times кој јануарскиот упад во американскиот капитол го нарекол „операција лажно знаме“, и Кристијан Витон, кој ја бранел руската анексија на Крим.

XS
SM
MD
LG