Линкови за пристапност

Реформи, дебати и бојкот – почна наставата во второто полугодие


Реформите во образованието ќе се имплементираат шест години. Наставниците одат на обука. Министерството тврди дека никој нема да загуби работа. Дебата со претставниците од високото образование кои имаат забелешки допрва следи

СКОПЈЕ –Во екот на дебатата околу реформите во образовниот систем и воведувањето на новата методологија во наставата со која се спојуваат предметите во една целина започна второто полугодие. Најмалите, учениците од прво, второ и трето одделение се вратија во училишните клупи а другите пред своите компјутери каде следат он лајн настава.

Меѓутоа не сите. Дел од маутрантите со бојкот на наставата откако министерството за образование одби да го намали бројот на предмети за матурскиот испит.

„Имаме различни ставови. Ние стоиме зад тоа дека треба да се модифицира содржината на државаната матура додека министерката и државниот испитен центар велат дека мора да се полага државната матура по стариот модел односно четири предмети“, изјави Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколци.

Матураните нудат еден вид на компромис. да се повлече интерниот испит а потоа да продолжат разговорите со министерството.

„Додека маутрантите не кажат дека треба да се направи компромис остануваме на нашите барања. Првично дискутиравме да се укине интерниот испит. Потоа да дискутираме понатаму, дали ќе може да се укине уште еден предмет за да имаме два како што бараме. Одговорот кој го добивме е дека интерниот испит е битен“, објаснува Ходаи.

Министерката Царовска е децидна, државната маутра нема да претрпи измени оваа учебна година и ќе се полагаат четири предмети а за бојкотот оценка дека се мали и изолирани групи освен во едно средно училиште.

„Секако дека се потребни измени во концептот за матура, но оваа година законски е утврдено како и зошто се полага маутра и од тоа нема бегање. Концептот е утврден на почетокот на училишната година и тој се спроведува во моментот и секое поместување ќе предизвика проблеми“, рече Царовска.

Како поткрепа на ставот Царовска соопшти дека 14 илјади средношколци се пријавиле за маутра, но Ходаи, кој исто така го пријавил испитот, вели дека бројката се должи на фактот што рокот бил заклучно со крајот на минатата година.

Таа најави измени во концептот на полагање на државната матура но од наредната учебна година а за таа ќе се формира работна група во која ќе се вклучат средношколците.

Додека дел од стручната јавност отворено го критикува начинот на кој се туркаат реформите во системот на образование за основните училишта, спојувањето на предмети и намалувањето на фондот на часови, Царовска продолжува на средби со наставниците. Разговорите ги оценува како конструктивни исто како и предлозите.

„Предлозите и критиките доаѓаат од практичари. Останува на тоа дека сите забелешки ќе се слушаат и разгледуваат. Воведувањето на концепцијата ќе се одвива сукцесивно и ниту еден наставник нема да го загуби работното место. За шест години ќе добиеме стабилен систем на основно образование кој ќе продуцира граѓани кои размислуваат самостојно и критички“, изјави Царовска.

Меѓутоа, средба и разговор со преставниците на високото образование кои имаат голем број на забелешки околу планираната реформа сеуште нема.

Критиките на реформите кои доаѓаат од академската заедница се дека предметот историја не смее да се спои со други предмети, ликовното и музичкото образование треба да имаат поголем фонд на часови а не да се спојуваат, дека училиштата немаат услови и капацитети да спроведуваат настава по новиот концепт.

Според последните официјални информации од Министерството за образование со реформите наредната учебна година првично ќе бидат опфатени учениците од прво и четврто одделение, а не шесто како што претходно се најавуваше

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG