Линкови за пристапност

САД ќе бидат дел од глобалната иницијатива за обезбедување вакцини за сиромашните земји


Водечкиот експерт за заразни болести на САД вели дека земјата ќе биде дел од глобалната иницијатива за обезбедување на вакцини за Ковид-19 за сиромашните држави.

д-р Ентони Фаучи, првиот човек на Националниот институт за алергии и заразни болести и главен медицински советник на претседателот Џо Бајден, преку видео конференција пред извршниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) рече дека САД ќе бидат дел од Ковакс - меѓународен сојуз предводен од СЗО, Коалицијата за епидемиска подтвоеност, како и Гави – алијанса за вакцини која е организација основана од Бил и Мелинда Гејтс и која има за цел вакцинирање на децата во најсиромашните држави.

Фаучи исто така кажа дека САД ќе ги исполнат своите финансиски обврски кон СЗО и ќе ги одржат претходните квоти на персонал.

Овие најави доаѓаат еден ден откако Бајден донесе извршна уредба со која го задржува членството на САД во СЗО.

Претходникот на Бајден, Доналд Трамп, во мај најави дека ја повлекува земјата од СЗО обвинувајќи ја оваа агенција на Обединетите Нации дека и помогнала на Кина да го забошоти вистинскиот опсег на пандемијата која започна во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019-та.

„Ова е добар ден за СЗО и добар ден за глобалното здравје“ изјави директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

XS
SM
MD
LG