Линкови за пристапност

Доналд Трамп си замина од Белата Куќа


Доналд Трамп за последен пат како американски претседател се качи на авионот Air Force One и се упати на Флорида на крајот на неговиот четири годишен мандат.

Додека ја напушташе Белата Куќа порача дека неговата служба била „најголема чест во животот.“

По кратко возење со хеликоптер приситгна во базата Ендруз каде присуствуваше на церемонија за испраќање со црвен килим, воен оркестар и почесна стрелба, а на настанот присуствуваа околу 200 луѓе.

„Имавме извонредни четири години и постигнавме многу“ рече Трамп пред да се качи во авионот. Наведе повеќе работи за кои смета дека се неговите најголеми достигнување, меѓу кои и обновата на армијата.

Трамп исто така на следната администрација и посака успех без при тоа да го спомне името на неговиот наследник, Џо Бајден.

Во исто време кога Трамп треба да слета на Флорида Бајден ќе ја положува заклетвата. Трамп ја прекрши традицијата со тоа што нема да присуствува на инаугурацијата.

Иднината на Трамп, вклучително и неговите политички амбиции, остануваат неизвесни.

„Сакам да знаете дека движењето кое го започнавме е само почеток“ рече тој во проштално видео обраќање објавено вчера. „До сега немало ништо слично. Верувањето дека земјата најпрвин мора да им служи на своите граѓани нема да исчезне и ќе станува посилно од ден на ден“ додаде тој.

XS
SM
MD
LG