Линкови за пристапност

Неколку часа пред истекот на мандатот Доналд Трамп помилуваше 73 луѓе


Претседателот во заминување Доналд Трамп помилуваше 73 луѓе, а на уште 70 им ги намали казните, соопшти Белата Куќа само неколку часа пред истекувањето на неговиот мандат.

Меѓу помилуваните е и поранешниот менаџер на кампањата и виш советник на Доналд Трамп, Стив Бенон, кој беше обвинет за измама на илјадници инвеститори кои верувале дека даваат пари за проект за изградба на ѕид на јужната американска граница. Обвинителите тврдеа дека Бенон наместо тоа потрошил повеќе од еден милион долари за да плати човек ангажиран во кампањата а дел потрошил и за себе.

Помилување доби и Елиот Броди, кој собираше донации за Доналд Трамп, а кој минатата година се изјасни за виновен за прекршување на законите за странско лобирање.

Трамп ја повлече и казната за поранешниот градоначалник на Детроит Кваме Килпатрик кој служеше повеќе од 20 години затвор за злоупотреба на неговата позиција за изнуда, поткуп и измама.

Претседателот исто така го помилуваше и Двејн Картер Џуниор, рапер познат под името Лил Вејн кој се изјасни за виновен за незаконско поседување оружје.

Трамп и претходно изврши помилувања за долгогодишни негови соработници и поддржувачи, меѓу кои и за поранешниот менаџер на неговата кампања Пол Манафорт, за советникот Роџер Стоун, за неговиот советник за национална безбедност Мајкл Флин и за Чарлс Кушнер, татко на неговиот зет.

XS
SM
MD
LG