Независен панел кој изврши ревизија на глобалното справување со пандемијата со Ковид-19 упати критики и за Светската здравствена организација (СЗО) и за Кина за нивните одговори на вирусот.
Експертскиот панел кој е предводен од поранешната премиерка на Нов Зеланд, Хелен Кларк и од и поранешната претседателка на Либерија, Елен Џонсон Серлиф во првичниот извештај наведува дека СЗО требало да прогласи итна состојба на меѓународно ниво порано од 30-ти јануари, кога го направи тоа.
Панелот исто така соопшти дека Кина можела да примени построи мерки за јавно здравје во јануари.
Целосниот извештај ќе биде презентиран во мај.