Линкови за пристапност

Џо Бајден ќе воведе построги мерки за патниците кои доаѓаат во САД


Новата администрација на Џо Бајден ќе ја промени последната одлука на Доналд Трамп со која беа на 26 јануари требаше да бидат укинати забраните за патување поврзани со корона вирусот за најголем дел од странците кои доаѓаат од голем дел на Европа и Бразил.

„Овој чекор е најдобриот начин да продолжиме да ги штитиме Американците од Ковид-19, а притоа да овозможиме патувањето да продолжи безбедно“ наведе Трамп во соопштението.

Неколку минути по ова Џен Псаки, портпаролка на новоизбраниот претседател Џо Бајден на Твитер напиша „по совет на нашиот медицински тим, администрацијата нема намера да ги укине овие рестрикции на 26 јануари. Всушност планираме да ги зајакнеме мерките за меѓународно патување за да го ограничиме ширењето на Ковид-19.“

Новите правила од Центрите за контрола на болести кои треба да стапат во сила на 26 јануари предвидуваат сите патници кои доаѓаат во САД да приложат негативен тест за Ковид-19 пред да се качат во авионот.

XS
SM
MD
LG