Линкови за пристапност

Тим на СЗО пристигна во Вухан да го истражи потеклото на вирусот


Бајден објави план за помош на економијата во криза

Бројките за пандемијата на коронавирусите продолжуваат да растат, со повеќе од 93 милиони глобални инфекции и речиси 2 милиони смртни случаи во светот, според Центарот за следење на коронавирусот Џонс Хопкинс.

САД остануваат на врвот на листата со најмногу случаи и смртни случаи. Центарот во Хопкинс известува за повеќе од 23 милиони случаи на Ковид-19 во САД, а бројот на починати брзо се приближува до 400.000.

Некои држави, откако ги вакцинираа своите работници од првата линија, отворија можност за вакцинирање на постари луѓе, но беа претрпани со барања. Медицинските установи се на работ да останат без вакцини. Во многу случаи, технологијата што се користи за закажување - крахираше.

Новоизбраниот претседател eо Бајден во четвртокот објави план за помош во економската криза од пандемијата вреден 2 трилиони долари.

Кина го пријави својот прв смртен случај од Ковид-19 за последните осум месеци додека има нов бран на вирусот на североисток на земјата. Тим на Светската здравствена организација пристигна во Вухан за да го испита почетокот на пандемијата.

Бројот на починати во Кина е повеќе од 4600, што е релативно мала бројка, како резултат на строгите мерки за затварање и за следење на ширењето на вирусот.

Истражниот тим на СЗО пристигна во четвртокот по скоро една година разговори и дипломатски несогласувања меѓу Кина и други земји кои бараа Кина да дозволи темелна и независна истрага.

На друго место во Азија, јапонските власти ја проширија вонредната состојба за да спречат наплив на случаи со коронавирус.

Инфекциите со коронавируси и смртните случаи поврзани со нив се зголемија двојно во Јапонија во текот на минатиот месец и достигнаа над 310 000, според Универзитетот Џонс Хопкинс.

Индонезија во петокот објави 12.818 нови инфекции, што е најголем број за еден ден.

Унгарија соопшти дека планира да купи вакцини од кинескиот „Синофарм“. Унгарија со тоа би станала прва земја на Европската унија што ќе го купи кинескиот производ.

XS
SM
MD
LG