Линкови за пристапност

Захариева: Македонија е во заблуда дека изборите ќе го сменат ставот на Бугарија


Специјалниот пратеник Бучковски се врати од Софија. МНР без детали за посетата но и за Анескот на Договорот за пријателство и Акцискиот план. Германија ја повтори поддршката за старт на преговорите со Унијата, Официјална Софија бара смирување на емоциите за да може да се решаваат проблемите

СКОПЈЕ – Поддршка за старт на преговорите од Германија, внимателни пораки и опомени од Софија. Продолжува дипломатската битка за продолжување на евроинтеграциите по декемвриското вето на Бугарија. Дали има поместување во разговорите, што содржи Анексот кој го најави бугарскиот вицепремиер Красимир каракачанов и Акцискиот план на шефицата на дипломатијата Захариева од МНР и Влада молк.

„Специјалниот пратеник Владо Бучковски, ја заврши официјалната посета на Софија“, одговорија кусо од МНР за Гласот на Америка на македонски јазик. Со кого имал средби, што е разговарано засега останува непознато. Од медиумите во Бугарија беше соопштено дека Бучковски се сретнал со Захариева и Каракачанов, но детали од средбите нема.

По неколку изјави на вицепремиерот Каракачанов, кои изобилуваа со провокации и навреди кон Сверена Македонија и граѓаните и немаа допирна точка со дипломатскиот речник, денеска министерската за надворешни Захариева порача дека Македонија „е во заблуда“ ако мисли дека тамошните избори ќе го сменат ставот на официјална Софија.

„Погрешна е претставата дека нешто ќе се смени по изборите кај нас. Ако нешто се смени, тоа нешто ќе биде полошо за нив“, вели Захариева.

Според Захариева, клучно е да се смират страстите кај двете страни.

„Еден од предусловите да се направи нешто и да се започне разумно да се работи за решавање на проблемите е да се намалат емоциите. Колку повеќе зборуваме без емоции толку повеќе шанси имаме да ја завршиме работата“, рече таа.

Захриева децидна дека Бугарија не го оспорува идентитеското право на Македонците и македонскиот јазик и дека единствено се бара „надминување на стереотипите“.

„ Не е точно дека сме против нивното право на идентитет. Ние сакаме надминување на стереотипите од минатото, запирање на воспитувањето и основањето на нацијата базирано на антибугаризмот, запирање на јазикот на омраза, запирање на воспитувањето на омраза кон бугарското“, изјави Захариева.

Охрабрувачки пораки денеска дојдоа од Германија. Северна Македонија ги исполни условите и треба да почнат предпристапните преговори со Унијата.Во рамките на тројното претседателство со Советот на Унијата Германија ќе продолжи со поддршката за старт на преговорите.

„Немаме план Б. Она што останува е отварање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Нема друга алтернатива, сите услови се исполнети од страна на Северна Македонија. До последната минута од нашето претседателство со Советот на ЕУ се обидуваме да постигнеме едногласност меѓу суите 27 земји членки на Еу но постигнавме со 26. Во рамките на нашето тројно претседателство со Португалија и Словенија ќе продолжиме со напорна работа за да се отворат преговорите со ЕУ“, изјави Анке Холштајн, амбасадорка на Германија во Северна Македонија.

Амбасадорката со совет со двете држави, соработката веднаш да продолжи по оние прашања каде што нема разидувања

„Во текот на следните недели мислам дека е многу важно да има соработка меѓу Македонија и Бугарија во оние области и сегменти каде што нема разлики во мислењата и со тоа ќе се покаже дека има дорба соработка“, рече таа.

Засега останува тајна што содржи Акцискиот план за спроведување на договорот за пријателство кој Захариева му го врачи на Бучковски на средбата во Софија во понеделникот како одговор на акцискиот план кој нашата Влада го испрати кон крајот на минатата година. Нема информација ниту околу Анексот со 12 точки кој го најави бугарскиот вицепремиер Каркачанов како и за тоа што содржи нон пејперот кој Бучковски му го даде на премиерот Бојко Борисов.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG