Линкови за пристапност

„Фајзер“ праќа 5.850 вакцини во февруари, остатнатите до крајот на годината


Меѓу најавите, очекувањата и реалноста, колку време ќе треба за најавените 1,6 милиони вакцини да пристигнат? Заклучно со април потврдени се 40 илјади вакцини со кои ќе се вакцинираат 20 илјади граѓани. Какви вакцини ќе добиеме преку „Ковакс“ системот и со кое темпо-непознато

СКОПЈЕ –Вакцините против Ковид – 19 се ветени, доставата делумно договорена, подготовките за вакцинација се почнати. Процесот на имунизација на населението почнува наредниот месец кога ќе пристигнат првите вакцини од фармацевтската компанија „Фајзер“. Но колку всушност време ќе биде потребно да се спроведе амбицниозниот план на Владата и да се вакцинираат најавените 800 илјади жители?

Официјалните информации на здравствените власти се дека 800 илјади вакцини се купени од „Фајзер“ а преку „Ковакс“ системот се обезбедени дополнителни 833 илјади вакцини. Неколку држави ветија помош откако ќе ги добијат вакцините, но бројките тука допрва ќе се утврдуваат. Станува збор за Грција, Бугарија, Австрија и Полска.

Она што е јасно е дека тој процес ќе трае барем до крајот на 2021 година поради неколку причини. Доставата на вакцините ќе биде етапна, а бројките на вакцини кои треба да бидат доставени сеуште се договараат.

Од министерството за здравство, за Гласот на Америка, информираат дека заклучно со април со „Фајзер“ е договорена достава на 40.950 вакцини со кои ќе се вакцинираат 20.425 граѓани. Транспортот го врши фармацевтската компанија а наделжните очекуваат дека цената на вакцините ќе биде под 15 долари.

„Во месец февруари договорено е да стигнат 5.850 дози вакцини, во март и април треба да стигнат по 17.550 дози вакцини, а динамиката до крајот на 2021 година дополнително ќе се утврди“, соопштија од здравство.

Со првата пратка може да се вакцинираат 2.925 лица а тоа не е ни третина од вкупната бројка на здравствени работници во државата.

Преку „Ковакс“ механизмот првите вакцини се најавени за потчетокот на март. Колку и кога ќе пристигнат и со кое темпо ќе продолжи доставата останува непознато.

„Првите дози на вакцини преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат во првото тримесечие од годинава, како ќе оди динамиката на дистрибуција по месеци утврдува Ковакс. Здравствената инфраструктура за вакцинација е поставена за што е известена и СЗО и според подготвеноста за имунизација сме рангирани највисоко во регионот“, објаснуваат од здравство.

Клучно е и какви вакцини ќе бидат доставени преку „Ковакс“, бидејќи секој граѓанин мора да прими две дози, во период до 28 дена од ист производител. Дали ќе биде „Фајзер“, „Астра Зенека“ или пак руските „Спутник“ нема одговор.

„Како што ја утврдува динамиката, Ковакс механизмот го утврдува и типот на вакцини кои ќе бидат дистрибуирани. Каков тип вакцини ќе добиеме е конечна одлука на Ковакс, преку овој механизам секоја земја што аплицирала пополнува прашалник каде може да каже и каков тип на вакцини сака да добие, но сепак последниот збор го има Ковакс системот“, информираат од здравство.

Дистрибуцијата на вакцините ќе ја врши УНИЦЕФ, а во моментов се чека на донацијата на фрижидери во кои ќе може да се чуваат вкацините. Министерот Филипче уверува дека во моментов имаме доволно капацитети за безбедно чување на првите пратки.

„Имаме фрижидери кои се користат за друга намена, конкретно во Институтот за трансфузиологија. Тие се сервисирани за да може да ги примиме вакцините исто како и во други лаборатории каде се счуваат специфични реагенси. Така да во однос на чување и транспорт сме целосно подготвени и без разлика што фрижидерите не се пристигнати“, изјави Филипче.

Според планот на Владата, први ќе се вакцинираат здравствените работници, потоа населението над 65 години а третатат категорија ќе бидат хронично болните.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG