Линкови за пристапност

Разбиена терористичка ќелија, уапсени осуммина џихадисти


Teroristicka kelija
Teroristicka kelija

Напади на јавни објекти и инсталации, ликвидации и самоубиствени напади. Набавиле оружје, муниција и експлозив, договарале како да изработат самоубиствени појаси. Дел од уапсените веќе војувале во редовите на терористичката организација ИСИС

СКОПЈЕ -МВР разби терористичка ќелија која планирала серија напади на јавни објекти, ликвидации но и самоубиствени напади за да предизвикаат што е можна поголема паника и страв кај граѓаните. Тројца скопјани и петмина кумановци завршија зад решетки во акцијата во која учествуваа специјалните единици кои ги вршеа претресите и ги апсеа џихадистите. Запленети се оружје муниција, епкслозив и пари.

„На 27.12.2020 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против Б.Ф. (32), Б.Г. (27) и Ј.К. (25) од Скопје и И.М. (22), Д.А. (21, ) Р.А. (31), С.И. (31) и А.С. (21) од Куманово за сторено кривично дело „терористичка организација“ предвидено и казниво по член 394-а став 2 од Кривичниот законик“, соопштија од МВР.

Претреси биле извршени на осум локации а според МВР оружје и експлозиви средства се најдени во месноста „Менкова Колиба“ во кумановско. Терористите меѓу себе комунициале на интернет апликацијата „Ватс Ап“ каде договарале како ќе го транспортираат оружјето се договарале и како да се изработат самоубиствени појаси.

Eксплозивните појаси за бомбаши-самоубијци кои се најдени при претресите, направени се и подготвени за употреба. Имале импровизирани запалки извадени од рачни бомби за активирање на појасите.

„Членовите на групата преземале повеќе подготвителни дејствија, обезбедувале финансиски средства и набавиле оружје, муниција, воена опрема, изработиле импровизирани експлозивни направи и потоа изведувале пробни испалувања и активирање на импровизираните експлозивни направи и оружјето кое што го набавиле“, велат од МВР.

Денешната акција е продолжение на акцијата изведена на 1 септември кога беше разбиено кумановското крило на терористичката ќелија и беа уапсени тројца, меѓу кои и основачот на ќелијата 28 годишниот А.Б..Станува збор за повратник од Блискиот исток кој лани летото издржал казна затвор од 3 години и еден месец по пресуда за учество во странски војски бидејќи до 2016-та година се борел во редовите на ИСИС во Сирија. Останатите двајца исто така биле затвореници излегле лани меѓу јуни и август а издржувале казни затвор од по 3 години за истото дело - учество странска војска. Членовите на кумановската ќелија имале 25 и 22 години. Најмладиот според достапните податоци, заминал за Блискиот Исток во редовите на Исламската држава уште додека бил малолетен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG