Додека отчукуваше часовникот кон потенцијално затворање на американската влада, Претседателот Доналд Трамп во неделата ја потпиша мерката за 2,3 трилиони финансирање што вклучува 900 милијарди долари за помош заради коронавирусотт и 1,4 трилиони за владино финансирање заклучно со септември.
Претседателот предлог-законот го нарече „срамота“ откако Претставничкиот дом и Сенатот го усвоија минатата недела, завршувајќи ги повеќемесечните преговори во кои Трамп не беше многу вклучен.
Неговите приговори изненадија многумина кои сметаа дека претседателот ќе ја поддржи мерката за финансирање.
Без потпис на Трамп или пак без донесување на мерка за привремено финансирање делумното затворање на владата ќе започнеше во вторник. Зголемените надоместоци за невработеност и заштитата од иселување истекоа порано минатата недела.
„Потпишувањето на двопартискиот документ донесен во двата дома на Конгресот е добредојдена вест за четиринаесет милиони Американци кои штотуку ја изгубија помошта заради невработеност пред Божиќниот викенд и за милиони други кои се борат за опстанок за време на оваа историска пандемија и економска криза“, рече спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси доцна во неделата.
Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, го пофали Трамп за спречување на „затворање на владата во време кога нашата нација не можеше да си дозволи такво нешто“.
„Предлог-законот за компромис не е совршен, но ќе направи огромно добро за оние на кои сега им е потребна помош“, рече Меконел.
Трамп, објавувајќи го потпишувањето, рече дека инсистира и на измени во актот за финансирање за да се отстранат , „расипничките ставки“.
Неговите главни приговори за пакетот за финансирање беа, како што рече, недоволните 600 долари исплата по лице за олеснување на последиците од коронавирусот, како и за финансирање на повеќе владини програми, како што се помошта за странство и научни истражувања.
„Како претседател, му реков на Конгресот дека сакам многу помалку расипничко трошење и повеќе пари за американскиот народ во форма на чекови од 2.000 долари по возрасно лице и 600 долари по дете“, рече Трамп во изјавата.